Времево ми предизвикува длабоки внатрешни реакции. Потсетува на многу убави моменти , истовремено и на најлошиот момент во последниов период. Па така, денешниов ден е и ќе биде емоционален крш
Umorno neraspolozeno plus so prelada koja trae 4 dena so temperatura kaslanje groznica grlo bolenje pa na seto ova i menstrualen ciklus so dosta bolki ama ke se se izdrzi
Се ме нервира, дури на плачка ме тера, а реално нема причина, на маж ми најдов 201 причина за кавга ама така ме тера А знам дека не сум во право, ама и хормоните ме шекнаа Ни чоколадо не ми помага
Гадно... Изнервирано и луто... Ама спремив одмазда и сега ќе пукам... Една глупа докторка ми се јави сабајле да го смениме терминот за покасно, отидов кај неа чекав, чекав и козата ме викна внатре. Ми зеде податоци, и кажав дека супер ми оди бременост и на сред муабет ми вика "Жал ми е, не примам нови пациенти". Почнав да ја разубедувам нешто, никако да попушти. Ми најде да одам кај нејзин колега 50км од нашето место. Почнаа да ми идат солзи, кај ќе одам на сред бременост, а докторката ми почина. Ја треснав вратата така јако, мислам ѕидот и го излупив! И еве сега пишувам жалба до лекарска комора на Германија и до здравна каса, имам и мејлови од неа и сведок и се. Најдов нова докторка и она ми препорача така да направам, изгледа се мразат. Ќе има фајт!
Безвеза.. Никогаш не научив да го сакам јануари, и секундите ги бројам, само да помине побргу. Затоа и не го сакам 31 декември затоа што секогаш ми следува дооолг мачен месец. И секој јануарски ден ми е онака меехх, без везе. Па и ова студот, ми ја замрзна секоја клетка. Ми доага да се покријам, и да се разбудам кога ќе биде сончево и топло, ковид да нема, и само убави радости да се споделуваат.