Среќно, исполнето, без никоја причина. Покрај тоа што немам време, си седам на фемина. Добро и ненаспана сум, ама знам дека тоа не ништо ново, па да не ве мачам да читате. Ете ме пак, не ми доаѓа памет да станам, ќе закаснам. Си ја пуштив првата песна што ја најдов, и ја слушам, а таа да ти била на некој чкљ јазик, па да не разбирам. Ах, еве сега ја сменив ја пуштив вејк ап кол, божем ќе ме разбуди, ама гледам дека не и оди на песнава, ќе треба да се послужам со несс. или некоја од моите песни. Ако по утрото се познава денот, јас ќе имам интересен ден.
Убаво се чувствувам. Некако олеснето, конечно ја завршив целата работа, дури успеав да излакирам и врата и сега го мирисам лакот и сфаќам дека ми се занесува во главата, Боже - потенцијален наркоман, убаво ми мириса значи, уште да отворам боја за чевли и отидов. И сега ќе уживам, со филмчиња, праски и кафенце, во исчекување на најдобрата другарка и повторно кафе, и имам и винце , ма ќе си го отворам уште сега, сакам да си се напијам на раат, денски. Прекрасно се чувствувам, во мојата нова соба, во мојот нов кревет, утре ќе си гушнам еден Хуго
трендафилка го направи ли зидот како што планираше...може да ни постираш мал дел од зидот да видиме како испадна баш ме интресира..
^^ Немај гајле Аннни, ќе го сликнам уште денеска и ќе ставам слика, па ќе ми кажете Не испадна лошо, како за молер-аматер
Дебело ! Освен тоа и многу навредено.Една исфрустрирана глупача решила да ги лечи својте комплекси на мене.
Нервозна... не знам од кај ми се овие нервози во последно време, ама не ќе да е ова на арно... како да ги променам работите? Не можам да поднесам некои работи, и порано не ги поднесував, ама се тешев дека е привремено, и ќе помине, па не ми пречи да издржам. Ама сега, од ден на ден се повеќе се нервирам за ситници - не можам да сфатам како не им пречат на луѓето некои работи. Јас на крајот испаѓам лошата, т.е фрикот кој сака се да е совршено и сите ме гледаат бело. Аман бе, не сакам совршенство, ама сакам барем да е како што треба. Во таква средина сум растела, сум живеела 30 години, и сега очекуваат од мене преку ноќ да се сменам, да се прилагодам. А бе ќе се прилагодам, ама зошто само јас да се менувам? И колку и да сум нервозна, штом седнам на фемина, нервозата - паф! - исчезнува... отсега, си препорачувам 3x1 дневна доза фемина
Мрзливо . Сакам да направам многу работи , ама никако да станам и да ги реализирам . И да , ми се спие ...
Исто и јас Фемина ми е бегство од нервозите. Секогаш кога нервозна седнувам на форумов, за кратко време ги заборавам нервозите, па после и проблемите со ладна глава подобро ги решавам, откако ќе ми пројде тој првичен наплив на нервоза
Збунето... Чувство што го мразам најмногу. Не сум таква. Ама ете...Периоди Ајде ќе помине. Ќе си се средам како и секогаш. Ќе си расчистам со себе...
Поглупаво ли може да биде? Не знам! Ама дефинитивно за никаде сум!!! Не можам да си реализирам ништо што сакам,плановите што ги имам за иднината немаат ни поим да почнат да се остваруваат, од учење ми е преку глава, немам време ни раат да седнам на комп! Не знам... Не се чувствувам среќна... Можеби немав доволно среќа кога најмногу ми требаше, сега веќе е доцна!
Цел ден се осекам поспано, станав во два, искочив и цел ден се осеќав поспано, и сега кога се вратив почнав да се расонувам,