Уморна од тоа да се справувам со моите секојдневни баксузи. Се си мислам дека постои некоја бабичка што ја замислувам како вештерката од Снежана и 7те џуџиња, што секој ден е преокупирана со тоа да прави магии и да ми ги отежнува дури и наједноставните работи.
Никако, без воља за живот, ненаспана, сиво надвор сиво у мозоков Вчера пролет денес кочан А таман ќе извадев пролетни јакни мрш
Да не бев во земјата за упропастување млади и таленти сега ќе се радував на втор факултет или на докторат. Наместо тоа, јас одвај успеав да се измолкнам од црнилата и како што претходно ја гледав иднината само надвор, сега уште повеќе тоа ми е надежта за оние црнила повторно не натежнат врз мене и ме уназадат повторно. Одговорот на тоа како се чувствувам е можеби малку во напишаново, повторно почнувам да пишувам инспиративно со стилски фигури како што уживаше да ме чита професорот кој ми го вметна сакањето на македонскиот јазик на кој често се присеќам.
Олеснето, голем товар ми падна од грб.. И среќно, што е најважно... Ќе споделам со најмилите и оние кои заслужиле
Испаничено, секакви мисли ми прелетуваат, 100 дијагнози си ставив Мајке ми, што ми се случува, никогаш не сум била ваква, анксиозноста ми тропа на врата Па дури и советите на доктор ги преиспитувам, немој да не се точни, Боже мој, ми иде не шамар, тупаница да си акнам
Анксиозност на најјако Од каде вакви филмови правење еве не знам Морам под итно раце и мозок да окупирам, вака не бива
Настинато, ненаспано, искрено преку глава од настинки Не сум спиена асално со денови, на рати спијам, се чувствувам како да сум копала на нива досега. Аман нека минува