Како да знаев дека ќе имам и со ова адмиистративни проблеми. А и како да не знам кога постојано се соочувам со истите проблеми! Не е можно толку да заглавувам за нешто што останатите го средуваат за 5 мин. Да му кажувам некому нема да ми верува. Претпоследен пат одвај се соземав да не се испорасплачам од мака.
Мрднато, а како да се чувствувам .... да ми се случи уште една малерска работа ќе се домрднам хеххе позз.
Ужежено Бев на еден настан на кој се мереше температура, последна дојдов на ред и гледам од сите - највисока (нормална) температура имав И мозокот не може една реченица да ми состави од што ми е изморен. Пред малку си пишав на ливче што имам обврски за утре за да не се испобунам. Дали имам и планер? Да. Дали го користам? Секако дека не
Како може овој живот да е толку контрадокторен?! На личен план ДНО,а од дете ВРВ настани!И,да,одлучив да сум ОДЛИЧНА денес!