Се ашкав уште од 9 саат низ центар, бев на некој информативен разговор демек за работа... Мизерии живи, ама барем си купив симит и одев пеш накај дома. Генерално, ситуацијава за еден речиси дипломиран компаратист, книжевник е очајна НО! После вчерашната прекрасна коктел забава кај професорка ни, мислам дека не смеам да зуцнам дека животот е тежок. Како во своја куќа, жената не пречека со коктели, храна, отворено, топло, свиревме на гитара и пеевме, се сликавме... Сакав да ме посвои! Така да, денес ќе се задоволам со малкуте можни ведри емоции што мислам дека се повеќе и повеќе ми се во прилог. Треба да добијам, па лицево ми е вцрвенето, точкасто и мислам дека кактуси ми растат од него. Пијам вода ко камила и конечно, денес си направив плеј листа и играв цели 45 минути на паркет ко луда. После туш, кај Сандра на кафе и трач. Сега дремам по нетов, и не верувам во чуда. Ништо не очекувам, патем. Гушкам. Шилејка.
Пријатно, како во своја куќа. Топли чорапчиња на стапалцата да ме греат и чуваат од ладните плочки. Каролина на јутуб... зошто немаат опција рипит?
Топ топ, се среди главоболката и следуваше убава гирлс најт, со смеење грицки , пиење, смеење..убавини.
Ќе биде ли премногу ако кажам дека сум најсреќна откако знам самата за себе? Страв ми е, многу арно не е на арно, па си велам, можеби има и поарно. Така не се плашам дека нешто може да појде наопаку. Поминаа повеќе од 8 месеци, а кога те видов срцето ми затрепери, боже се мразам некогаш зошто сум програмирана со женска днк, ама тоа е, не се може против природа. Против моите емоции и против тебе. Повеќе од 8 месеци се гушкаме заедно, ама кога те видов беше како за прв пат, повторно истите емоции, дури посилни и поинтензивни. Се чувствувам најубава, на седмо небо, најсреќното суштество на планетава, најпосакуваната девојка. Ми создаваш така проклето убава насмевка на ликот, се смеам постојано, заличувам на будала. Се чувствувам како да летам на облачиња. Кој би рекол дека ова ќе го кажам во недела наутро, во 06.12 мин? За крај, чувствувам дека сите мили виртуелни другарки на форумот, сакам да се чувствуваат како мене, сега...
леле не дефинирано божеееее!!!!!!!!!! е како се чуствувам незнам да одговорам замисли се запрашав немам одговор. онака ни среќно ни тажно се ми е исто се ми е рамно хм е ајде де некако би кажала за крај ко времево
Мхмм...загадочно, среќно, исполнето, изгушкано И покрај реките под мене, кои ме разбудија изутрина Фала Богу ми заврши периодот на болежливост и тага. Барем мислам дека заврши. Уште еден ден. Мој ден И сега сум уште повесела кога читам дека моите форумџики се среќни. Трендафилче, секогаш нека ти е така. Ај сите да ги заразиме
ме гризе совеста....а не да ми е срам после она сношти аууууууууу така мамурно се чувствувам, ама ајде секое чудо за 3 дена ќе заборават што видоа....и што циркуз направив на крај
Ми се спие ми се плаче. И сега како би отишла во нејзината соба да си легнам... Ах... Кој ме тераше, де?
Те разбирам Не е лош денов воопшто.Станав малку покасно одошто треба,си ги извршив обврските...Цел ден сум дома,си седам со мама и тато се смешкаме и си прајме муабет хехехе супер е денес..Супер заљубена сум едвај чекам да дојде 8-9 да излезам
Ранобудно,со половина преспан ден.И рано да стануваш не било убаво кога немаш што да правиш...или па имаш,ама...ете. Времево...успива,дополнително ми ги надразнува емоциите,а и нервите.Денес е шугав ден,денес се мерат пениси,лица,раце,черги и сВе.Денес е кисело,исто како во тегла со краставички,јас сум наголемиот,најдолгиот,надебелиот корнишон. Лошо ми е секое лето откако знам за себе,затоа што го поминувам во планирање,организирање,психо-физичко спремање,купување за на одмор и тоа цел месец и пол уназад,за е*ани 10 дена.Таква сум,не можам да си помогнам.Дури и ме заудараат моменти кога си замислувам какви тоа слики сакам да си направам таму,а кога ќе отидам...немам идеја,а не ми ни текнува да се штракам обесена на споменици,пред продавници,попната на лежалка,раширени нозе,загорена ко рак и така. Викенд тапа,а толку се чекаше.Јас сум тапа и луѓето се тапа.Ништо конкретно не се случува,сем плажи....уууу кои журки на плажа,топли летни ноќи,текили,топло ти е пљааааас во вода...или па не!Или па друштво со гитара на плажа и корона во рака хахахаха...не!Сепак Коце беше во Париз...сите тие идеи таму се случија.Коце повеќе никаде да не патува и пасошот да му се одземе додека е на позиција градоначалник. Си сонувам за полиња со лаванда.Еден ден,ќе имам(како и се друго,овај пола свет,крупно сонувам мамата хахаха)!Сега имам еден жбун во двор,ама сакам цело поле...мммм...цела соба ми мириса на лаванда,малце аир да се има од дождов,и го нагласува мирисот и се шири ли шири.Да не бев мрзлива денес,веројатно сега ќе го провртев орбитрекот,ќе се истуширав и ќе гледав филм или ќе читав книга,мотивирана од еден мирис ех...ама поголем мотив ми треба.Ама немааа... Ме нервираш...многу!Кога навистина сакам заборавам на себе и ме злоупотребуваат.Неговите потреби и успеси се на плутената табла обележани како главни настани,важни,најважни,пет пати подвлечени.Е не ми се сака денес да ти правам метании и да ти придавам значење бога ми,денес ќе си ја славам МОЈАТА и само мојата огромна мрза.Баш е убава,удобна,незахтевна,прави да се осеќам посебно и опуштено.Важен ти е денот?!И мене ми е важно да ми придаваат значење од време на време! Ууууф....до година,е ако е де рано за до година...ама до годинаааа...го пакувам куферот со стар веш,облека и шо ти ја знам...и право преку барата...ќе црнчам,ќе блудничам (во странство не се важни,алоооо!плус..нема да пораснам ако немам над 5!!!!),ќе се забавувам,ќе си ставам слики од таму и ќе ти викам преку скајп...Ми недостигааааааш!!!Тe сакааааам!НОТ! Човек да не ме изгуби од фокусот...или и двајцата или ни еден,не сакам да доминирам,се залагам за еднаквост...зошто...ПОТОП!!! Многу сонувам сонови во последно време со сексуална содржина...тоа е. Вести немам гледано,а што да гледам,ќе се нервирам.А ме копка...решение за име на повидок!Е ако е на повидок,решете го!Опозиција имала решение,ама не кажувала,бре бре,игри на мали деца!Круцијално прашање за кое сите треба заеднички да за залагаат да се реши,ама не бе брате,туку позиција,лап паричките,жгаб швицарска банка,тап имам само едно баракче и варбург!Мај ес...Се гласа закон за мобинг,а по државни институции мобинг најголем.Прво,браќава те дупат у ребра,а ти со таквото у уста си,не смееш да бекнеш,може ќе те претепаат,а второ,поише те боли кога твој ти го прави тоа,се пијанчи и доаѓа таков на работа,малтретира подредени,уценува,го преместуваат на сто различни места,нема веќе каде за неговата позиција,па го ставаат на повисока,братот заслужил,пие,медаља заслужуе,високи почести и 100 ева повисока плата,само затоа што ја има среќната гребка,овај...партиска книшка...Не ни уклучив тв,веќе се изнервирав! Идеи за филмови,книга,организација на вечерта се добредојдени,ама навистина. Лил,мрзливиот мрчач.
Ладна сум ко камен. Ништо не ме допира веќе. како да пукна нешто. Па што да правам јас, ако не сакаат да работат? И нивната работа ли да ја работам, за некој да се излежува и пак да биде подобар? Малку е што останувам и колку што не треба и сакам да помогнам...Ама не, пак не чиниш. Пак јас сум била лоша, сум била остра и не знам што. А каква да бидам? Душичка, па сите да ме газат? Е нема! Не попуштам! Можат сите да се носат во три лепе и да се снаоѓаат како сакаат.