Колку почнав да не ги сакам деновите во циклус, ПМС ми се продолжува а јас се чувствувам ептен безвеза. Се ми смета, ништо не ми е по ќеиф, катастрофа, па дождот цела недела ме дотепа во вакви денови
Неубава карактеристика ми е што сакам да ги сменам луѓето. Постојано мислам дека некој ќе се смени.... Некогаш дури и давам совети кога не ми бараат... Се трудам да сменам нешто, ситуација и не успевам
Аии ми почнуваат моите крипи сонови, неколку дена пак ќе дремам без сон Ајде секако надокнадувам, вчера секако се скршив од спиење
Од една страна исполето бидејќи положив усмен дел на испит, од друга страна потресено зошто испадна како втор дел есеј да правам
Е како да се чувствувам денес : дожд - сонце - облаци - дожд - сонце - облаци : и така у круг. Спуштај ролетни и цел ден во кревет , мислам кој може , не јас за жал