Задоволна од себеси. Среќна што се разбудив рано (без аларм), бев вредна и завршив една гооолмеа обврска (скоро)... Уживам во мирисот на капенава коса и штракам по тастатурчево... а книџе убаво ме чека во другата соба.
Исполнето и среќно, без некоја посебна причина. Металик песна, пуштена до даска, ти го крева расположението. Една огромна кутија со сладолед и една лажичка до тебе. Размислуваш, и планираш што се ќе правиш деновиве, бидејќи од денеска си free, oh freedom. Размислуваш што да облечеш. Повторно си пушташ металик песничка, па рок ен рол. Седиш, не мислиш на проблеми и лоши работи, гледаш позитивно кон секој можен предмет и суштество, секоја можна работа.. Како би се чувствувала тогаш..
Бесно , луто т.е зашто тука сум на форумов малце посмирено . Ама во себе имам многу негативна енергија и знам кому да ја истурам
Имам недостиг на енергија,како отепана сум.А денешниов ден требаше да ми ги наполни батериите.Епа многу слабо му оди...........
се чувствувам виновно ама јас си знам дека сум си невина абе сега луѓе сме - грешки правиме вечерва нема дежа ву....тоа несмее да го има ајде ќе се ставам на позитива до максимум, набилдана со самодоверба и оптимисттичка насмевка па нека биде што биде
Уморна, ко да сум копала цел ден. А ништо не правев, само седев и ги гледав молерите како полека го менуваат изгледот станот на брат ми... море како ми идеше желба и јас да фатам да мачкам ама пак, платени си се луѓето за работата и немаше смисла да им се мешам. Малку релаксирано за разлика од минатиов период... сепак, како да сфатив дека не вреди да си ја мачам оваа моја убава главичка со тешки мисли. Што и да е, ќе помине, што не поминало? Решив летово да не се мачам со други работи, освен со тоа каков ќе ми биде невестинскиот фустан, бомбоните, китенките и бидермаерот. Имам многу идеи, само дали ќе најдам некој способен да ги реализира? А можеби и самата ќе направам се'. Ќе видиме Гледам Star Trek: Voyager. Чудо едно како ми делува на психа
Чудно се чувствувам, хаха незнам зошто но имам некое чудно чувство кое ме прави некако среќна, ама ако нека трае