ПМС со несоница и мислачки во ниедно време. Најмногу мразам кога ми се спие ама во вакви периоди главата не ми дозволува.
Неколку дена не сум го чула љубениот, денес се разбудив со неговиот глас. Не сум одлично, но подобра сум од вчера. Ќе бидам добра, ќе помине се'.
После година дена повторно се чувствувам живо, ми се враќа мотивација, life is good. Не ми се верува низ што се поминав, а уште поневеројатно ми е што животот конечно ми се враќа во нормала. Некогаш ми доаѓа дури да се штипнам, да не сонувам случајно. Конечно се чувствувам комплетно слободно и како да ќе можам цел свет да го прелетам, абе ми доаѓа сите да ги гушкам!
По претходната неспана ноќ, добро се држам ,иако сеуште чувствувам некоја тежина, еден дел од мене замина,го нема повеќе , а празнината остана.
Денеска ме преовладува омалаксаност на психичка база и болка во цело тело на психичка база. Отепана сум, ми фали одмор, некаде далеку да отидам.