Некако чудно,битно не е убаво...Се надевам нешто ќе се случи што ќе ми го промени денов...УШТЕ ЕДЕН ДОСАДЕН ДЕН
Конечно наспано и спокојно. Часот е 19 и 24 минути, а имам чувство дека е десет наутро. Ваоу!?! Дефинитивно изгубив конторла над времето.
ммм прекрасно! Нормално, бидејќи конечно излегов од дома. Си бев на кафе и ептен ми се погоди муабетот со соговорникот (психолошки, филозофски и религиозни муабети)!
Чудно. Бев на кафе со соговорникот со кој секогаш анализираме животни прашања. Штета што не се гледаме почесто. Разговорите со него секогаш имаат ваков ефект врз мене. Невообичаени теми начнавме, ама немавме време да ги довршиме. Се надевам пак ќе се видиме деновиве. Време е за интроспекција.
Солидно. Бев на мисловно рандеву со еден маркантен дечко. Си го билдаме егото, взаемно. Доста мил и фин е. Но ништо веќе не верувам од прв впечаток. Ќе морам да здивнам, да дишам малку СВОЈ воздух. Прекрасна бев вчера, тоа знам, и добив комплименти кои секако, беа во дослух со пригодата. Првпат, да немам очекувања. Шаблон е животов, и тоа каков... Уживаш, страствуваш, паѓаш, се лекуваш, па пак уживаш, страствуваш... Жал ми е што ја познавам таа матрица. Да бев смотана и да мислев дека е судбински, ќе ми беше полесно. Вака се осеќам само како ептен лојален играч во играта на животот. Ама не се откажувам, љубовта ја имам. Друго, што ти треба инаку? Значи, филозофски се чувствувам денес. И бев на теретана, па трчав на Кеј. 5 кила помалку, значат 5 грама умствена сила плус. Телото ми вели благодарам.
Спокојно...со мачорот до мене,преде. После звук на стакло од стакло и здробени фино и грижливо нанижани бисери,крик за помош и смел од напред...се е мирно,па уште и дождов...визуелно ја доловува ситуацијата...френетични здивови,a сега само урамнотежено и споро. Морален тон и паравани на вина,со лаванди уште си се галам,мирна ми е душава,барем мене. Внуците ми се илјада сонциња. Веројатно ми требаше силна бура за потсетување дека застранувам од трасата,се замуабетувам сама со себе и некако и не се каам,туку влечам поуки.Вредно за нови поводи,реков јас,треба нешто да почне да се случува.Не сакам бајати работи,ама некако чинам таа успаност ме натерала да генерирам уште повеќе сила. Многу си ја сакам малата моја,јас плачам,таа плаче,јас одлепувам,таа множено со 1000...си се смеевме.Жена со мирис и вкус на кафе. Летни работилници...хир ај кам!!!Јееееееееее!!!Морав... Нешто се нервирам од некои птици,погледи од птичја перспектива,собири,волшепства,симбиози(хахаха?!),колективен ум,колективен,ама и глуп и така...арени,гладијатори,лавови...дури и метафора има во приказната.Ма хрк,пљук,пљук,пљук...некои птици никогаш не летаат,кокошки,глупи кокошки! Патем,стопено...во фармерки за 16годишна девојчица...мхм. Мајка ми сеуште пие нес со цевка,звучно...слатко и симпатично. Лил
Мислев ќе се подобри нешто денов од кога ќе излезам..ама ништо..и вечерва ќе легнам изнервирана по се изгледа
офффффффф се цувствувам возбудена денес патувааам, лелеее сакам дома а уште не сум заминал.чао македонија,криво ми еееееее
Убаво.... (ми се чини овај збор најчесто го имам пишувано и задоволна сум од тоа) Нешто се нервирам, муви ми летаат пред очи, ама кафе ќе ја среди работата.