Олеснето... Завршив една работа, што ме мачеше долго време. Сега чекам резултати, па после порелаксирано. И чудно во исто време. Многу чудно функционирам. Кога сум под притисок сум помалку ефективна и се дефокусирам од проблемот, некако така ми е полесно . Неможам макслимално да се вложам. Кога немам многу обврски имам зголемена желба за работа и си наоѓам нови нови обврски си стварам! Еве сега на пример ми е празно без целиот тој притисок врз мене Значи не сум погодна за работа под притисок создаден однадвор, само за мој личен стимул Освен ако сум баш временски ограничена Битно, треба малку да поработам на самодисциплина
Денеска се чувствувам убаво, релаксирано, среќно. Се наспав, ми мириса на ручек и спокојно си чекам покана за на маса. Времево уште го сакам вакво, дувка и ветерче, се дише. Вечер си имам закажано кафенце, и конечно ќе ставам слики од ѕидот во мојата соба, од вчера доби и нов додаток и многу сум среќна. Опуштено си слушам музиче и си ги читкам виртуелните другарки во нашето големо феминско семејство. Животот е убав . . .
денеска прво отваранје на очи значи само шо станав од спиење осетив некаква тежина тага,оти ми текна дека денеска дечкоми ке си оди отидов кај него пиевме кафенце се погушкавме малце и си отиде и знам дека цел ден ке ми биде таков за никаде леле еј ке пукнам стварно ми е тешко, сакам да се исплачам да викам да се дерам за да ми олесне ама ни тоа не ми помага.....
Избањато и чисто Добив денес , ама со тоа добив и желба за да средам низ дома - не знам како ова Си потсредив , ми се уништија ноктите сабајлево , па ќе си ги средам и нив .. Убаво ми е
Чудна, нова енергија на куп! Не знам, цел ден ме брка некое такво лудо чувство, ама не го терам од себе. Црвен лак на ноктиња, старки, музика и ракиичка вечер, а после во Даут Пашин на Дуња и Пресњер. Супер. Се чувствувам супер. Вниманието расте. Не можам да излажааам! Ех, што ти се вика статус - сингл. Хахаха, назад во лигата сум. Една од најдобрите.
Како се чуствувам ах...како воз да ме згазил,оваа тетка ми ми дојде и ми ги поквари плановите цело време ми се спие,нервоза ме убива од време на време,ама претходниве денови цркнав од нервоза,до толку што и најмали ситници ми пречеа во глобала безвезе се чуствувам,женски макииии
Леле срцка и јас си плачев за Федерер порано али сега веќе се навикнав паа само во мене вријам! Сепак за мене хи из Д бест! И да ....се чувствувам премореноо и настинато сум ....
Наспана сум, тоа е факт. Но се чувствувам некако без врска. Изгледа од времето е. Ама не не. Ми годи ваквото време, баш е супер. Ама, лето е, се знае какво треба да биде. Плажа, море, песок, лежалка, чоколаден тен, добра музика...Што друго?!? И стомакот ми е подуен од пиење на преку умерени количини на сок и вода. Косата ми е мокра, ме мрзи да ја исушам, а и зошто да ја горам. Ќе настинам знам. Ама ако, силна сум јас.
Имам некое чудно чувство,ако воопшто може да се нарече чувство.Недоветно и ретардирано чудно. Како да сум во некакво исчекување.(!?!) x1000 вакви,ретардирано го прави тоа што не постои апсолутно ништо што би можела да очекувам во моментов,ама апсолутно ништо,НИШТО. Сепак некаков немир ми ја де душичкава напатена.А можеби причината е тоа што не сум спиела како човек веќе.........појма немам колку време. Да.И ме нервира нешто,или се`. Уствари,сега ми текна како се чувствувам-како шупелка.Не знам ништо.
Немоќно, а тоа најмногу го мразам. Саканиот мој многу се нервира со работата, а јас не можам да му помогнам. Не сака ни да разговара. Во очајна состојба е. Би сакала да можам да го орасположам во секој момент. Кога бевме деца беше така. Ама тогаш немавме вакви грижи. А кутриот тој, колку е одговорен. Го убива тоа, во вистинска смисла на зборот. Страшно сум загрижена за неговото здравје. Има ненормални нервози, не се храни воопшто здраво, и нема никаква физичка активност. Скоро слушнав за познат човек - врсник што се бори со рак. Не наследно, туку од вакви нервози и стресови. По ѓаволите. Животот е убав и мил. Како да му го докажам тоа? И ми треба, ми треба за цел живот!
од утрото добро работно али после нервозно ех колку ми влијае зар мораше да ме изнервира и да бидам сеа нервозна и тажна и изморена, а како да не бидам кога 14 саати не сум се прибрала
Улежано. Да да.. Цел ден ме мрзи да станам. И цел ден ми помина како една секунда.. Станав,гледав филм. Јадев,гледав филм. Лежев,гледав филм.. мислам дека 5 филма во 1 ден изнагледав(па што сум ја крива што неможам да се изнагледам на ова макс-тв).И сега,се обидувам да заспијам.. Некако слабо ми иде заспивањето
Без врска. А и претерувам- знам! Очите ми паѓаат, а јас, сеуште седам пред компјутер. ОМГ!! Два часот и четириесет и четири наутро?!!? Добро, навистина е толку, или јас имам сериозни проблеми со видот? Или навистина лета времево?!? Ама ајде, едно кафе. И како нова ќе сум. Кога сум кај претерувањето, не се препознавам. Само се контрам со некој. И ме фатила некоја мрза, дури не ми се излегува, не ми се шета, не ми се чита, не ми се спие, не ми се јаде, не ми се пие. Да не заборавив нешто? Ова не личи на мене! Освести се Ангело!!