ПМС ме уништи, ден арна, ден на плачка, ден мрзливо Каде си младост каде ПМС ми траеше еден ден? Сега 10 дена, полудев
Не само денес туку два три месеци наназад се чуствувам дека тонам, не можам да го поднесам овај живот повеќе… прво фамилијарни проблеми, буквално роднини кои ги сметав за “блиски” ми го скршија срцето на најситни парчиња колку што можеа, потоа другарките сите имат свој пат, имаат дечковци, слободните излегуваат со удварачи си го живеат животот, а јас немам никој, никој ме ми пишува и не ми се удвара, зрачам со негативна енергија и никој не ме погледнува, знам… и да бидам најубава јас носам во мене отров… тешко ми е еден тон како да носам во душата, ем осамена, депресивна ем и од љуѓето на кои му веруваше ти свртија грб… имав многу соништа за ова лето да патувам и на крај сите соништа ги живеат моите другарки, на сите места што сакав да одам на другарките им се отвори патот преку ноќ и тие отидоа, јас гледам само слики зошто нема со кој да одам на тие места, финансиите не се проблем…почнав да јадам многу, неконтролирано, стомакот ми се дуе и неможам некогаш да ги закопчам пантолоните, не се сакам ваква ама не се чуствувам добро, како овој ѓувот да не ме сака мене ниту јас се сакам себеси ниту пак осамен живот да сакам, родителите ми препорачаа да идам на терапија и реков ќе одам ама не сум била, само тоа ми е спас изгледа и морам да одам дури не станало ова полошо…единствено добро што ми оди е работата, зошто работам и прекувремено само за да не мислам да проблемите и да отргнам мисли, немам живот надвор од работа, еве викенд е денес јас цел ден сакам да плачам…
Užasno,mi nedostiga minatoto,se pred 'KORONATA' u pm.koj ja izmisli....se posle odnopaku,nisto nemozi da dojdi na mesto,I posle tolku vreme se e od kolosek izvaeno