Само избегај настрана на два дена и исклучи го телефонот. Ќе го добиеш тоа што сакаш (а и ќе заштедиш некој денар)
Како цел месец во ПМС да сум, дали е нормално да ме напнува ова силење на празниците, анксиозност ми ствара Едвај чекам да поминат, сакам обични, нормални и опуштени денови Вака кога се читам како некој чудак звучам, а нормална сум, барем мислам дека сум
Мислам дека сум подолу од секој човек во општеството. Не знам зошто мораше да дојде до ова и да имам ваков исход во животот. Се осеќам дека сум најглуп од сите. Почнав да разговарам со психолог ама за следната сесија ќе треба да чекам до среда (точно една недела разлика меѓу двете сесии) и не знам што ќе правам дотогаш. Доцна навечер е и не можам да зборувам ни со единствената личност со која што би можел да зборувам за ова освен психологот.
Како кога знаеш однапред што ќе биде, па си пушташ стварите да си течат како треба, зошто се е за најдоброто добро. Значи чил.
Uživam vo ovie denovi iako e gužva golema,iako nekako sum umorna ama presreķna sum,se čuvstvuvam posreķno od sekogaš...
Вчера збеснав од една ситуација со искомплексирана професорка на „најреномираниот“ универзитет во македонија па изодив 20km со лоши кондури и сега уште одмарам. Заради такви прекинаа да им се запишуваат. Не дека им е гајле, секако не се ни појавуваат на факултет.
Кога ПМС го испраќаш после циклус и го дочекуваш следниот ПМС пред циклус Зошштооо морам цел месец да сум луда, зошштооо?
Никако Напнато Нервозно Депресивно Ненаспано Само што не сум полудела буквално. Ни сама не се трпам. Период е или не е, не знам ама заебано многу е. Ќе почнам и ја да го засакувам летото и да ја хејтам зимата, ако има врска воопшто тоа. Офф. Барем добиваш, редовна ти е, шо да кажам ја со месеци шо неам, ПЦОС ќе ме умре. На најјако се активирал пак и не ме остава раат. Секој со своите маки. Не разбираат мажите со какви проблеми се соочуваме.. Лесно им е нив.
Подолго време ми е безврска ама се држев некако, не се давав. Деновиве па ептен, појачана нервоза, вознемиреност, и несоницава еве ја, одамна вака не ме мачела. Вчера не спиев ич, после легнав порано и пак се будев, ќе се отрујам. И шо напраив? Дали 4 саати отспав преку сила и тоа со будење. Се ме нервира коа сум ваква. Не знам дали е Пмс зашо не знаеш од коа неам добиено, све ми се поремети пак. Добра си бев летоска, како дојде есен и зима, ужас сум. А чудно, и ми се спие и не ми се спие истовремено. Ја буквално без сон можам, такво чувство иам. Не дека првпат ми е, се навикнав више со години, туку нервозава иритира. Хормоните ваљда, пак спобудалеле. Ајде, ќе издржиме.
И јас сум со несоница, до 4 сабајле дремев не знаев што со себе Хормоните и мене ме мачат, веќе ми е смачено и од период и од ПМС, да се чувствувам ептен никако.