Колку ме исцрпуваат вакви денови. Како издишан балон сум, само во вакви денови мразам што сум жена Па и времето лудило Вчера убава пролет, денес зима, човек од железо да е ќе пукне, ќе не поремети
Лошо невидена забоболка а тек снимање во петок резултат во понеделник тек кој знае што ќе ми препише стоматологот незнам што да правам за умник 8 се работи незнам што да правам ниту им е гајле и да умрам а као реноме од стоматолог ебате животот утре ќе му вртам ме плаши гној да немам а вака немам кариес и кој знае што ќе покаже снимката господ напомош од ноќеска вака ми е
Тажна. Гневна. Исцрпено. Најверојатно (како што кажа првично докторот) по вторпат се врати ракот кај татко ми...
Многу подобро откако ја откачив осмицата заб од мене со крвава газа во уста радост невидена шо не умрев при вадење немаше компликации да не заборавам да си купам бруфен против болки за покасно
Лошо болки ме пушти анестезијата корен 1.2 цм кога видов не верував од мене ли е од носорог ли е сега дупка имам прекинува крварењето ми се јаде ми се плаче малку јогурт пиев неможам да ја отворам устата до крај се прашувам дали ова ќе заврши ок уште не е скроз пуштена анестезијата ме фаќа страв устава не се отвора оф боже
Ќе помине, само уште два, три дена може да имаш болка која ќе се намалува. Јас сега брзо вадев осмица, ден петок беше, сабота и недела така ми беше проблематично вилица да отворам а болката беше доста намалена, понеделникот веќе почна да си се стабилизира.
Да а јас заборавив да јадам и сабајле и вчера од пладне како ме фатија болките него чудно ми е устата неможам скроз да ја отворам како под анестезија да а и веројатно бар уште ја осеќам пуштено е делумно затоа и почнаа болките се надевам нема да имам последици да ми остане устата вака не дај боже неможам да ја растегнам до крај добро ко парализа да ме фатило а и тоа е изгледа јака била анестезијата докторот прееска правеше снимка и го виде коренот на видеото знаел дека е голем и ставил појака иначе четворка вадев пред 4 години овака не беше нит коренот 1.2 цм неможев да верувам ама се изнамачи 20 мин го вадеше додека четворката дали минут два се на се ја извадија
Уморно. Сакам да одам негде на природа, да е тивко, да ме грее сонце, ливада огромна зелена. Ама никој да не ме замара. И ич не ми е галје за НИШТО! Ќао.
Станувам сабајле и се чувствувам прејако, онака ко да наполнив батерии, се и сешто ми се случува периодов, арно лошо, qr ме боли.
Многу overwhelmed, од секаде излегуваат некои работи. Сакам само на раат да пијам кафе на сонце и во природа и да не мислам на ништо.