Убав, спокоен ден. Работно, па малку прошетка, времето топ, па испазарено, сега се релаксирам. Ќе читнам книга, ќе погледам филм и правец - кревет.
Лошо,без надежно,разочарано, после лошите работи изминатите месеци надеж сведена на минимум се чуствувам како се да има само почеток а нема крај за роденден си помислив подобро да не се родев сакам да избегам од самата себе така се чуствувам, али тоа е живот некого мајка некого маќеа, веќе не велам се надевам туку сакам да сум среќна се изморив да сум несреќна искрено заборавив како е да сум среќна и кога ќе бидам ќе пишам овде и сакам да пишам:МОГУ СУМ СРЕЌНА!!!
Кој среќник сум 2 недели пред циклус да ми трае ПМС Не се поднесувам и никој не поднесувам освен моите дома, се ме нервира, јадам како да не сум видела, а за некој ден и на плачка ќе почне да ме тера. Единствено добро од сето е што е точно на време, точно знам кога какви симптоми имам Во климакс се прашувам дали ќе бидам меѓу нормалните
Nema nikogash da ja zaboravam taa vecher koga od smea ne mozhev da zboruvam ... PREKRASNO SE CUVSTVUVAM..bash poradi taa vecher, gladiolo MOJA!
Прекрасно се чувствувам знаејќи дека се уште ме сакаш Има надеж... тоа ми е доволно Ми го разубави животот
Prekrasno. Posleden den na ushte edna rabota vo koja ne se pronajdov Kje potskoknuvam za nakaj doma posle
Никако До крај на денот ќе бидам секако, ПМС и се е можно. Едвај чекам да ми дојде, шардисав, се вознемирувам на свашта, психата ми врти 200 на саат
Денес умирам, се гушам и неможам да дишам, мојот син денес требаше да полни 3 години,уште капак трагедијата со Данка ме докрајчи, имам бебе на нејзина возраст, мачнина ми е, голтам кнедли и солзи ако почнам да плачам мислам дека нема да сопрам,неможам да се соберам.
Јас те имам читано уште тогаш и те имам запамтено, знам дека имаше и едно синче поголемо, на Е му почнуваше името, или можеби грешам нешто, не знам, извини секако... знам дека е болно за тебе, јас имав во мн рани недели спонтан и моето ќе правеше 4 години во сеп, беше девојче... ама знаеш помина, тоа е што е, секогаш ќе се сеќаваме ние како мајки да, молк е на вакви прашања секогаш. Знам дека е тешко, ама пробај да се смириш денес, појди на кафе или прошетај, да не мислиш на тоа цело време, од срце ти посакувам убав ден.
Денес сонце облак сум, ни јас сама не знам. Има моменти кога сета убавина на светов чинам ми е во очиве и душава, за во следниот миг се да стане пустош и празнина. Среќа и тоа поминува, како и се друго и пак во круг. Живот.
Ова ми е еден од полошите циклуси до сега, болки, анксиозност на највисоко, мачнини, со еден збор ужас, а втор ден веќе, секој нареден ми е со нов симптом и повеќе измачување. Се мразам во вакви денови што сум жена