Никако. Ошамутено. Прво глава ме стегаше па ми се гадеше. Да ти ебам времето променливо. Барем топло да е цело време, а не со температурни разлики.
Има денови кога едвај дишеш, не од шо си изморен физички, ами психички. Мозокот ти е попара направен од мисли, а немаш што да кажеш.... Е денес е тој ден.
@Stark идат годините, фаќа половината. Шала на страна, ме искина и баш за тоа дојдов да се пожалам. Башка прегрдо се осеќам кога е вакво времево.
Како се чувствувате денес? Носталгично, цело време доживувам дежа ву, но се привикнувам на тоа. Не многу поспано, секогаш после второто кафе ми е подобро и не се знае која по ред цигара. Денов можам да го запечатам со една шлаканица кон се` што сеуште не се десило во иднината.
Главоболка ме искина во комбинација со половина и пмс. Толку убаво што ни чај не помага, а богами ни маст. Апче немам.