најпрво добар ден на сите(иако мене ми е утро) сега само што станав . гледам убаво е времево конечно па така и моево расположение е добро,па планирам да шетнам малку или пак на кафе муабети со другарките имајте и вие убав ден
Насмеана сум. Од шест до шест, ма какви шестки, јас до седмици сум насмеана. Станав порано денеска, па затоа сум вака расположена. Си се најадов, си се наспав, си се прошетав. А сега ја чекам братучетка ми на кафее. Ако по утрото се познава денот, мојот ден ќе да е мноогу интересен.
Неубаво со оглед на тоа што имам добиено , ме приболува стомак и целата лепам а прееска се туширав ууф го мразам ова чувство.
Добро, исполнето. Си пиев кафенце со мојата најдобра другарка и братучетка. Колку ми годеше разговорот. Но, како и секогаш, мора да има некој којшто ги расипува плановите, трета личност. Од која ми се стемни пред очиве. Ми го испланирала целиот ден. Wow, никогаш не сум правела толку обемни планови. Па таа нашла да ми прави. И уште ми вика, бирај помеѓу мене и помеѓу братучетка ти?!? Аха, да, сигурно. Пак по мое ќе си истерам. Пак ќе си легнам, задоволна и среќна.
Денес денот брзо ми помина. Се чувствувам добро пред се,но и цело време сум како замислена,се мислам нешто,си правам некои планчиња да се надеваме дека нема да пропаднат Некако денов ми е празен..немам излезено од дома И да не заборавам да си кажам дека конечно денес не ми се спие
И мене денеска супер ми беше денот. Си се подновив, до сега шетав, едвај да се приберам дома. Си се смејам и се полно рамно ми е.
Како може да се чувствува една жена после добар шопинг? А? Ко да имала сто оргазми бре Добро, не до толку, ми фали уште еден добар да сум со сто Ама ај утре
Убаво велат “по утрото денот се познава“ така и кај мене! Бедно утро, беден ден и уште победна ноќ!!! Хаос!