Уморно од ролеркостеров од оптимизам и мотивација до депресија и без фокус за ништо...додека уствари цело време стојам во место. Време е да си признаам дека овој пат не можам сама и да си побарам стручна помош....
Безволно... Колку сакам да уживам во жешкото и летните денови. Јас на лето не сум јас.. Едвај функционирам
Преубав ден и се... и онака си лежам гледав филм еден, си почнав да шетам со мислите, мемории итн... датуми итн, се потсеќам на се и сешто и ме фати наплив на емоции солзи тажни или радосници пошто некогаш било нешто супер, одлично... и така би рекол дека ова ми е маана карактерна според хороспкисот знак (знам мех е) ама одма можам да се снижам на 0 од 100ка. Еве пример сега треба да играм фудбал и да се заозбилам тро.. и после пак иста приказна ама барем под туш нема да се познаваат солзи.
Шубо ми почна денов, листата за исплата за плата ми нараси очите, замерак, ми ги надмина очекувањата за 50тина евра плус. Се убо, ама уште не се прокнижени, изглеа банкава има проблем нема пари да ме исплати.
Втора на работа, неспан цела вечер па прва на работа. Моментално функционирам само физички, 36 саати не спан, едвај чекам да си одам дома да преспијам една 14 ка од мерак.
За промена оптимистично и спокојно. Чекам да дојде јули.. Само уште малку повеќе фокус за обврските да имам, нема да е лошо
Каков ПМС ме дрма 3,4 месеци. Психички не ми е проблем се држам ама физички пред секој циклус имам некоја физичка болка. Сега на 40 степени глава и грло ме скинаа Ај подобро вака отколку со панични да се борам
Не знам што е полошо, несоница во ПМС или вирусни болки по телото во ПМС. Моментално и двете ги имам и блеам во таван, нерва ме фати не можам да заспијам а не сум спиена овие дена од болка. Ми пулсира телото од болка и никако да ми дојде дремка. Па и ова топлото капак на се Ај барем 6 часот нека дојде побрзо, околу цвеќињата ќе си најдам занимација, сега срам ми е да излезам комшиите како што се камери ќе ми стават дијагноза.
Одамна немам пишано како се чувствувам... всушност не ни знам како се чувствувам... некогаш е супер, некогаш вознемирена, тажна, па после среќна... чудно... никогаш вака не ми било... енергија на претек ама чувствата ме убија... таа вознемиреност понекогаш... незнам што со неа