Се преморив денеска, помагав кај другар, ќе прави уште еден спрат и кровот скроз го отвораше. Премногу сум среќен оти е така скромен да речам од таква фамилија потекнува и неговите премногу ме сакаат, едвај чекам да му играм на свадба, на тапан ќе се качам.
Оти баш вчера, збунила си ме, слеш не разумем. Вечер има Нова Месечина во Девица/с. Лав(ја МС Лав нели) ако на тоа мислеше, да.
Прејако. Ем го одбив коначно токсичниот манипулатор, ем сменив личен опис и се осеќам многу убаво и моќно.
Многу мразам кога почнуваат овие денови, па сонувам свашта и ситница ме вознемирува. По малку спијам и сум раздразлива. Инаку по природа сум спанка а најчесто соновите не ги рецкам ама во вакви денови секој сон ми поместува психа. Денес ќе бидам ненаспана, нервозна и никаква.
Не само денес, туку општо периодов сум задоволна, ептен онака турбо работам, умор постои ама не е неиздржлив. Знам дека тоа што го правам е од голема корист, не само моја, туку и општествена, и тоа ме прави среќна