Аман од безвезна вознемиреност на соништа во ПМС кои не се нималку за вознемирување Хормоните се лудило
Од сабјле до сега ролекостер, првен ок, па ептен shitty, па сега откако ми стаса потврда за проект шо го работам пресреќно. Нека заврши денов аман.
Тажно,плачам со саати,толку лошо се осеќам Имав закажан преглед за тироидна и одам 10 мин порано,пред мене 8 души,ходникот тесен,спарно,жешко,сите столчиња зафатени,луѓе толку сум се разочарала абе еден човек не се понуди да стане да седнам,ја бремена голем стомак,одвај стојам се потам пијам вода, катастрофа,сестрата испаѓа ме гледа дека немам ни кај да седнам и си оди по ред,саат и пол чекав,на крај останав последна и уште не ме викаат,и чукнав викам може ли да влезам,бремена останав последна,ајде ајде денеска имавме малку проблеми така испадна,одам кај докторот луѓе нити 2 мин не беше прегледот,како си,пиеш лекови,која недела си,оди крв да ти земат и ќе ти ги пратиме резултатитетоа беше се,толку чекање за неполни 2 мин.одам крв да ми земат ајде и таму 25 мин чекање.Не се сеќавам од кога не сум се осетила волку не важно,не убаво.Не знам ни како да опишам ова што го чувствувам
Преисполнет денов, одлично како и секогаш, арно ама имам една повреда на ципата- квадрицепсо веќе ја влечам скоро месец дена и не истрчав ко шо треба на фудбал, а и не можам чучњеви да прам во теретана..