добро утро од мене на сите форумџики јас само што станав и одма на femina расположението ми е одлично денес па затоа им пожелувам и на останатите да имаат убав ден
Деновиве, среќно. Задоволно од сама себе. Постигнав тоа што планирав, иако дплго време оддолжував, на крајот излезе дека сум можела се да завршам многу побрзо. Затоа памет за друг пат: Не се плашете од проблемите и обврските, само храбро исчекорете и ќе се подредат нештата! И така... Се чувствувам убаво и ќе почнам полека со спремање за летување Тие маслата, премазите, талозите против целулит ми стојат на полица Крајно време е овие денови да ги активирам
Карак расположи се,се ќе биде во ред Истото важи и за Бројче Ептен сум расположена,имам вишок на позитивна енергија Ми иде сега да пуштам музика на цел глас,но сите се дома,а и соседите над мене како што гледам спијат.НЕ Е ФЕР!
Па се изнаработив вчера и денес, синоќа шетав, и сега сум баш релаксирана, иако сум малку уморна. Затоа и одмарам... со фемина и фејсбук
Прекрасно, драги луѓе ми го направија денов прекрасен, иако не е целиот поминат, се прашувам што има до вечер?
Уморно, тажно...Ужасно сакам да го видам, ми фали времето со него... Да се посмееме, да се расположиме, а не постојано проблеми само. Ми треба малку смеа, малку да се растеретам, да се осетам слободна