Убаво. Иако баба ми ме нервира, ептен е забавна женава И брачеда ми срцка си ја сакам многу, сестричка моја мала мила, сите на неа се вежбаме за деца воспитување
Како 10 години да не сум спиела И плус вечер дома ќе си останам Лошо почнат ден и лошо ќе заврши Ама ајде утре е нов ден ќе донесе нешто ново....Ај хоуп
Тика-така...нешто многу ми се сака,нешто нештичкооо... Се прејадов кајсии,обожавам кајсии...и дињи... Бев вредна,си ја преуредив и средив собата... Дивна ќе ми оди на долг одмор,сакам да си ја избацам,да ја полигавам,да ја стопам,дупчиња да и оставам на образите...не и е и нејзе лесно,едвај ќе оди,ама ајде.Дивна моја е силна жена...а јас сум нејзината подива половина! Мачорот ми фатил болвички...дудааа,дудаааа тим ти рим тим тим деј дуда деј! Милиот...ми е стопен,доведен во ред...фин,згоден и неопходен!Добри сме,фини сме,вчера ме однесе на видиковец да се романтишаме(само се романтишавме со прекрасниот поглед...како на почеток)...се душкавме...ммммм...и ми заспа.Сакам кога си спие...ќути и мирен е!Хахахаха...зезам...прави бебешка фаца и има бебешка поза.Имавме ментален секс,тоа е добро и тоа е нешто,ако не друг! Морам да признаам...се сакам слабичка,многу!Другар ми ми рече,ти секогаш си фул пекич,ама сега си мачка и пол! Си се пофалив...ама ако бе па,па каде на друго место,ако кажам на жива жена,очи во очи,очи ќе ми извади.Непростливо е да добиваш комплименти од мажи! Ментално посилна,духовно исполнета и мирна!Хармонија море...изгледа случајно по фенг шуи сум наместила прееска! Погледот...споро движење,нешто слично како...близу ми е крајот,успори ги чекорите за патот подолг да биде...да се одложи крајот....тоа е...А од друга страна,сериозност само кога станува збор за туѓи животи...Лакрдии...животни,ами какви други?! Фин викенд,сум јадела до сто,сум вежбала до илјада!Се опуштив максимално,се изнаспав квалитетно! И така дечки мечки...одам да читнам нешто...свеж туш и да си починам (колку ми е смотан зборов за одмор,нејќум бре да починам,ненормални едни,кој го смислил!!!)!
Красно Одморена сум, што е доволно да не цвичам цело време, заљубена одново, со пеперутки во стомак, бубамарки околу мене и модрици на нозете...ПАК? Ах бре мило будало Само се прашувам зошто ли зошто отиде...Ленка... уствари другарка ми кај оние кои најмногу ги мразам? КАј дволичните? Уф, и тоа како ова ме мачи деновиве ама има да и одржам лекција, после кога ќе ми се жали мене, ееее, нема Кате да слуша. Ќе слуша само бзззззззззбззззззз Ме извади малку од колосек ова. АМа ако. Си имам јас кој до мене. Таа си нема! Па и добро, не ми е баш најдобра другарка, ама мразам кога ќе се прави нешто што не е. А баш почнав да ја поштовам, арно оти не се залетав. Тенкс гад. Не се залетувам јас често. Имам интуиција. Супер деновиве, сонце, сонце, сонце, и одеднаш дооождиште И тоа не ми смета. Леле па ништо не ми смета. Тоа значи дека сум среќна.
Денес моравме да правиме непланирана генералка поради тоа што една болва од 10-те мачки на комшиите некако се најде кај нас дома! Ме изнервираа некои муабети вчера и денес. Малиот мој нешто криви, па слушнавме разни добронамерни коментари од блиски лица, меѓу кои и дека криви за да привлече внимание, многу малку сме му посветувале внимание, требало повеќе да се вртиме дома. Ако, ќе имаш и ти деца, ќе правиме муабет! Муабетот ми го прават сите во околина иначе. Да сум нашла некоја работа со пократко работно време, да сум им се посветела на децата... а бе ај, а да ни направевте куќа ич немаше да морам да работам... А фала богу аспирациите се ставаат на страна, а бе ти си мајка и нема шо сеа кариера да бркаш.... тоа е за немажени караконџули... бреее средновековни стереотипи што ме вадат од кожа! И да, саканиот мој се пожали на уредноста во нашиот дом. Си поќутев на муабетот, ама ќе вратам. Обично разумно ги решавам работите, ама за ова не гарантирам. Зошто не знаев дека мене ми е во опис на работни задачи да средувам по дома... А домот што е право ќе ни тргне... Соба непеглани алишта и купишта играчки на сите страни на кои секој ден губам по еден час да ги сортирам! Жената што ги чува децата ако не научи да собира играчки - ја мењам! ЕПтен ја прететрува, оставам средено - наоѓам хаос! И да, и мене не ми се допаѓа неуредноста, ама прашање на приоритети е. И уште едне службен муабет во петкот, уф, болеше, ама нема да остане на тоа. Ариел не се откажува баш така. На крајот не можам да не заклучам дека се чувствувам исфрустрирано. Од животот, ме фрустрира бре без пардон! Ќе биде се ок. Ништо драматично, било и полошо, ехееее.... Само мразам кога сум вака расположена, не личи на мене...
Денес се чувствувам запоставено.. Дојде братучетка ми од Австралија која баш и не ја трпам а и она мене, не била тука цела година, а ете сега ќе се мажи па и текна да не посети. Девојкава излезе дека е пола месец трудна па неколку дена само околу неа се мотаат мене никој не ме ни праша како ми е или што сакам. Кога дојдов во кујна да си земам за пиење, сите ме нападнаа. Не тоа не сум можела да го земам, тоа било за неа, густиот сок за неа, Кока колата за неа, се за неа, тортата за неа. На неа се и угодуваат, а јас и сестра ми, па што им е гајле за нас, ние не сме бремени. А исто така се чувстувам тажно, ми се оди на одмор, ама заради братучетка ми морам дома да седам. И онака никој не ме приметува дека сум дома, уште и не смеам да одам било каде, треба да носам перници за на девојката да и биде удобно. Ма ти се молам, па ни стомакот не и се познава тие веќе почнаа вака да ја третираат. А што ќе биде за понатаму!?
Убаво... Се наспав, се одморив малку и така сега со нови сили. Само сакам да дојде четири и да си го видам милиот конечно
Денес се чувствувам одлично, одморена, наспана и еве уште сега ќе излезам да шетам малку Не се седи дома
одморено и наспано морам да признам. релаксирано ох само да имаше некој да ме измасира и размрда среќназатоа што си ги решив вчерашните проблеми, секако без последици од ниедна страна. и се разбира јас сум по гушкањето и се чуствувам како да ми фали гушкање. морам да го надохнадам некој ден. нека му ја мисли