Одлично, после преубаво поминатиот ден со нормални и позитивни луѓе не ни може да е поинаку, а ваков ден не смее да се заврши без добра музика, така да пуштам до крај сега нееекааа грмиии
Прекрасно. Како може поинаку кога имаш личности кои те полнат со позитива додека си пиете кафенце во раце кои се потеле и заработиле сето тоа да го платат, донесат и причинат некому радост?
Денеска сосема случајно видов некои работи и ме натераа да се осетам мизерно, еве таман си дојдов од работа вечерав... и сеа ми присака душава едно пиво на сета мака и малку муабет, ама немам со кого.
Уф тешко проклети да се и работа и пари и странство што сите го бараат за подобар живот и си заминуваат....Дечиња мој ке ми фалите душа ме болит
Убаво. Се наспав, сега си сварив какао за мене кафе за мајка ми и си седиме во двор на сонце. Кучињата и мачето околу нас, сонцето печи, одоколу ги слушам комшиите, кој вика по децата, кој сечи дрва.. Преубаво ми е.. Убав ден на сите ви посакувам!
Недела ми е многу тапа ден, има некоја досада у воздух, ептен депре. Да се разбудам од кома во недела, ќе сетам дека е недела без да ми кажат.
Па за пиво не ти треба друштво, еее јас така ако чекав жедна ќе останев. Па и за муабет (подобро сам отколку со лошо друштво).
Лабаво, уште два часа и толку од работниов ден. Да беше секој ден ваков на работа... со песна ќе одев
Денес се чувствувам убаво на работа дојдов одморена пиев кафе, јадев и работа си фатив да си ги средам денешните обврски. На сите ви посакувам да имате убав ден.