Ако не беше теретанава денеска искрено че западнев в кревет и секакви мисли ќе ме отепаа, најчесто анксиозни негативни, дури и измислени сценарија и ќе плачев. Појдов теретана извежбав јако, се гледа дека се подобрувам почнуваат рацете да ја добиваат посакуваната дефниција и излегуваат повеќе вени, исто тренингот напрајв push to the edge дури и малце подалеку и одлично се чувствувам. Ручав вчерашен петочен грав со марулка и туна, па сега си направив шејк со банана круша, сурутка во прав, млеко, јатки.. и вечер пред спиење уште двопек ќе каснам. А сега во меѓувреме дури да се стопли бојлеро ќе почнам да ја гледам анимираната серија Invicible.
Се чувствувам како да стојам на некоја раскрсница. Назад веќе нема..се што имав исчезна, а напред ништо не ми изгледа безбедно.
Sto se slucuva so povekjeto od nas?Se zapadnato vo depresii? Ja pesacev pokraj kej preeska edno dobri 15 kilometri,pravev torta koga se vrativ za barem malku da si gi trgnam ovie tazni misli od glava.Do vremevo li e?
Можеби е до времето, и јас исто се осеќав чудно досадно депримирано, чистев, вежбав и малку пешачев поарно ми е иначее..
E супер ако ти е подобро.И мене барем малку ми се подибри бидејќи преку групиве за книги најдов една книга што веќе 2 години ја барам. И од роденденско дарување си добив уште една книга.Толлу ми требаше да се радувам како дете.
Како прегазена од воз, потиштена, смачкана. Не ми се станува од кревет, цел ден би дремела, aма ич не ми е гајле за ништо веќе. Од прееска требаше да се бањам, се стопли водата, уште да имаше кој да ме дигне од кревет. Спојлер Полошо од мене на тебе не ти е, гарантирам
Без волја, без енергија, излегуваш облачно врнежливо секој ден така, дишеш нечист воздух, мирис на скапани коли кои трујат, плакниш очи во депонија кај да се испулиш, поарно дома затвори се и цркни.
Депремирано, вознемирено и разочарано скроз, скроз заради шо не можам да воспоставам нормален баланс на среќа, како се само на долу да оди. Ќе си речиш океј, супер, конечно тргна возот, се надеваш и оп препрака на шините, паѓаш, паѓаш заради Х фактори за кои и небото вели не, не можеш да поминиш низ тоа и пак по старо. Како да се наоѓам на Бермундскиот триаголник и океанот те проголтува. Од толку надеж во животот за да осетиш среќа, која подоцна се руши, се разочаруваш и тониш како Титаник.
За прв пат во мојот живот незнам како се чувствувам... можеби да ми легнат некои работи па ќе ми се разбистри главата и срцето. Си викам " Ќе помине"... сигурно ќе помине некогаш... би требало
Видов еден пост и ме снима сега вака пред спиење ,да ме замисли и натажи ... Период од 5 6 години ги имав во агонија што ме истрауматизираа каде наместо да се радувам на некои работи и искусам и,да бидам среќен, јас само трпев и се трудев да бидам силен..
Како глиста, поточно отечена глиста. Оваа непролет е толку лоша, не само од аспект на време туку и од некоја прашина гнасна што се лепи на лице.
Ме отепа времево ама од друга страна вријам со енергија и едвај чекам утрешниот ден да завршам со работа, јадам добар ручек и да извежбам!
Ама тотално непродуктивно. Една рамна линија, сивило. Ништо не ми треба, освен една прегратка цврста.