Кога познаваш луѓе кои се луди и најтмурниот ден ќе ти го направат барем за миг поубав..Денес се насмеав онака природно не со сила како последниве месец дена.Ми ја снема и главоболката. Сега ќе се симам да пешачам.Ќе си ставам слушалките на уши и готово. А првичен план ми беше Прилеп да одам.Ама сите се на работа така оставив за следна прилика.
На име бев кај најверен другар се изнаседивме изнапрајвме маубет и како ергени решивмеее да одиме на одмор летово негдееее да се позабавуваме!
Само што извежбав, јадев пилешко во кари сос, компири варени и зелка, сега да се истуширам и да се оптегнам пола саат до саат како крап да лежам и слушам музика.
И плус во книжевна група ставам една книга а автор сосема десетти.Како на некоја дрога сум. Сега уште во пилешкото уште да ставам хопла за торти наместо таа за готвење и супер
Енергично, се наспав конечно. Нема ништо поубаво од будење без аларм, така сам да си стани човек, наспан.... Се надевам оваа енергија ќе продолжи до крајот на денот/неделата
Рамнодушно скроз. Она кога ти станува баш сеедно, помирено со ситуацијата. Поарно многу поарно за здравјето било да не реагираш емотивно. Се надевам дека не е потиснато само, зашто навистина доста беше.
Премногу ми се збори денес. Цел ден уста не затворив, за ќутлива, не знам што ме спопадна од сабајле. Ххахах
За ден што ми почна тмурно уште од 7:30 со лупање по маси и фрлање документи ( кога работиш со искомплексирани луѓе така ти е) чекав да дојде 15:30 и да летнам како фурија низ врата.Отидов во омиленот маркет,го купив сладоледот кој го обожавам,ми се погодија луѓето во таа смена со кои се смеам секогаш и отидов среќна дома.Така што моментално убаво се чувствувам.
Растрчано со мислите, како под притисок, како и што ќе биде. Во исчекување на анксиозноста да затропа на врата. Време е конечно за промена, се надевам ќе тргне работата веќе еднаш. Би се спасила ли од овие грижи и чувства бе? Кога би се спасила верувам ќе нема посреќна од мене. Луѓе сме сите, осетливи, кој помалку кој повеќе, али.. што е со мене ова?? Ужасни внатрешни чувства, кои буквално те заробуваат..
Не знам дали читаш..Ако сакаш книги ќе ти ја препорачам Одмотај го клопчето на анксиозноста.Мислам дека може да ти помогне барем малку