Супер. Расположено и полна со енергија.Продолжен викенд,со луѓето што ги сакам покрај мене.Тоа ми е доволно.
Од сабајлето бев супер одморена, свежа и плус имаше сонце. Сега некако ми падна расположението од времево.
Јас кога спијам 4 до 5 часа сум свеж кога станам, а кога спијам од 6 до 8 часа кога се разбудам ич неможам да станам како да сум спиел само 30 мин, и како тенк да ме е газел!
Ноќеска си легнав во 3 часот сабајле станав во 7 45 као нов ни ми се спиеше ни ништо, а пред тоа неколку денови си легнував 1 или 1 и 30 а станувам во 7 50 за на работа едвај станував.
Завршуваше ЛШ,седнував да читам книга,заспивав во 3-3:30 и се будев во 5:55..И веќе во 6:30 веќе се смеев како да сум на јака дрога.
И ти се мачиш да заспиеш ко мене? 3 и пол часа се вртам, листам на моб и си се каам што зедов кафе во 7 часот попладне. Се пожалив и во друга тема. Дечињава си спијат, маж ми си за'рчи сега алал, јас подув очи од неспиење Како? Како? Што ми требаше кафе, па и вино за ручек
Во ПМС, лудница, капак на се цел ден гнетам, очите филџани, а баш пред некој ден се пожалив како многу ми се спие и денски спијам, нетипично за мене. И сега се мачам, домашните спијат јас од соба во соба и се чудам што со себе. Досега пеглав ама снемав алишта за пеглање , ако не ми дојде дремка може и да ги препеглам
Ја се чудам како утре ќе се издржи денот. Еве пулсот ми е забрзан. Кафиште!уште еднаш шо ќе земам Јас лежам и чекам дремка. Како ти се работи уште, алал
Празнициве ги поминав преубаво, утре излезе да имам слободен ден и решив да одам кај брат ми. Секој пат кога планирам да одам, ме фаќа некоја тага, тешкотија и грутка кај срцето што ме боцка. Зар вака ли заслужив јас и ти...