Уморно, исцрпено... многу обврски ми се собраа и чувства што ме распарчија. Ама стојам на нозе јас, секогаш сум стоела
Хормоните колку можат да те пореметат страшно нешто. Како ѓавол да влегол во тебе, па тој ти управува со чувствата и зборовите сами летаат Свесен си дека не е нормално, како да се гледаш самиот себе си отстрана како беснееш и не можеш да се справиш сам со себе Капак на се и смрзнав
Денеска одличен ден направив преку 30к чекори испешачив во планина, во чаршија, ми се разбистрија и тие многу мисли и ми се чини во последно време се однесувам многу детинесто и лабаво, ко да ме има мавнато втор пубертет, морам да се вратам во нормала.