Ах... онака, презаситена. Од се, ама баш од се ми е преку глава. Радо би отишла на некој пуст остров сама, па баш ми е гајле кому ќе му недостигам...
Цел ден ми лупа нешто во главата.Шуплива е треба да се мења.Ех и од комшииве аир не видов,човек и сабајле да неможе да се наспие.Кога почнаа од сабајле да лупаат по скалите што нозе ќе беа.Добро беше се некако одеше денот и пак се испонервирав.Па така е кога немаат осет луѓево дека и јас сум човек трпам,трпам,ама кога ќе ми пукне филмот подобро бегај подалеку.Сега е добро мируваат караниците,но незнам до кога.Кај мене денот по крајот се гледа. И сега како се чувствувам? Може да се каже добро до негде
Ко на морфиум да сум денес. Ненормална, станав во 3 поручек,а требаше да идам на трчање сабајле. Ни аларм не ме буди,бре што човек ке беше. Станав и ко издрогирана бев. А надвор , жешко , на мене уште пожешко. Ја пуштив климата,пошо на моиве не им се троши струја, а и не знаат како изгледа далечинскиот управувач за климата. Си ја средив собата, запалив миризливи стапчиња од хибискус,но не можев да уживам во нив, пошо телефонот ми се расцепи од ѕвонење. Послав алишта,а ме натера мајка ми,ко очајна домакинка изгледав. Како капак на све јас секад сум организатор на излегувањата со другарките и сите ме откачија денеска. Имам една другарка која во една недела дали 2 пати излегува со нас. Го мразам тоа, кога другарките си фатат дечко и те забораваат, едноставно го мразам! А на кој ке плачеш кога ке се скарате со дечкото и кога ке те откачи. НА КОЈ? Ма батали тоа. Се откажав од улогата на организатор,и влегов во када. Се релаксирав и тотално ме реинкарнира водата. Го сакам кремот за туширање на Dove,не не го сакам, ГО ОБОЖАВАМ! Сега седам на Фемина ко будала и уживам на форумот, и читам интересни рецепти. Да, пак за јадење. Поздравче, Кери
Цел ден сум некако, шо викаат ко на пола копје. Се чувствувам болежливо, немоќно, ич немам сила, концентрација 0, мн. ми се врти, главава ми пука и ич немам апетит, а расположениево ми е некаде во минус. Ќе биде подобро, знам, ќе помине...
Со оглед на тоа што спиев до 14 часот уште не ми се спие , малку уморно од вежбањето и чистењето по дома ама се исплаќа! Само што извежбав седнувам да одморам и некој на врата ми тропа и ми звони, кога гледам срцето мало, па кога денот ќе ти го разубави едно такво мало слатко суштество како треба да се чувствуваш?Сонце најслатко на дада (си имам 2 сонциња инаку-едно поголемо и ова малово) се гушкавме, се пресоблакваме(се испотури со кока кола) , па играше игри на миниклип и ми вика оваа е тешка стаза играј ми ја ти и ја експерт за такви игри секако прифатив да ја играм(а тој ме гледа и седи в скут) и заглавив на едно ниво ми се скапа смеејќи(тој се смее, јас со него) Уморно, насмеано, исполнето(уживам кога ми е средено) толку.
најубаво на свет,ама и изморено од што не знаев уште што да направам за да надокнадам за сите пропуштени денови со срцката ми
сеа за сеа поспано, вечер ќе ги добиете останатите чуства... сеа можам да кажам дека незнам како да се одделам од креветот. го гледам и закам да му се фрлам бар уште 5 мин. да го погушкам (кебето), и уште 5 минути да ја осетам топлата перница леле ми се спие а морам да излагам аааааааа
Ме мава афродизијак! Аааааа До песнава на плееров е, не до мене. Дел од обврските ги завршив. Сретнав и една коза по пат. Се чудам како козарот ја пуштил сама низ град да шета Може кола да ја згази од што не гледа ништо од тие очилата 5 пати поголеми од неа. Ама и таа се изненади што ме гледа. Изгледа не ја очекуваше нашата средба толку брзо. Мачките се наранати, масата спастрена.... а ЈелисАвета кај е?