Луѓе не знам што ми е..последниве 2 недели постојано ме боли глава и ми се спие.Тотално сум расеана и нервозна.Очигледно сама ќе треба да си отидам на одмор,па макар и до Дојран,бидејќи навистина ми треба.Не сум ваков тип,обично сум полна со енергија,сакам да искачам,да шетам,да се дружам..сега се што можев откачив.Со душа чекам да си дојдам дома и да бидам сама.Ама ај се надевам криза е некоја,ќе помине.Од утре сум веќе на одмор-конечно.
Некако потиштено. Бев на игралиште со малиот, дојде една мајка со детенце. Имаше можеби две годинки, не повеќе. Кутрото, не можеше да оди. Мислам, се движеше седејќи. Не знам да објаснам. Ама толку ми се стегна срцево, мислам застој ќе добиев. Душиче златно. Ми идеше да појдам да му ги бакнам стапалчињата најубави. Мајката испиена, исцрпена. Задниот атом сила мислам го користеше. Мојот е многу активен па не се доближив до нив, трчав само по каскадеров. А сакав да ја гушнам, да и напраам муабет ама ете. Се здрвев некако. Не сакав да види во моите очи дека ја сожалувам. Господе, те молам чувај го тоа детенце, нека се оправи да биде здраво, право. А какво беше најубаво. Сјаеше посветло од сонце. Ете, така се чувствувам. Потиштено.
Ептен неудобно, во соба кај мене не се дише од жешкото Пренапорна ми е оваа вруќинава, од такт ме вади. Вчера едвај заспав се превртував цела ноќ, многу ми беше топлои да отворам прозор џабе, пак е загушливо. Ние дека во странство живееме немаме клима овде
Како и секој ден Скршено,со лажна насмевка, Разочарана сум многу Нема да се најде ниту еден да може да ме состави. ниту еден....
Затнато и со главоболка. Златни синуси на 40 степени, без клима не можеш ама со неа после една недела глава пука
Не знам дали е од топлото, денес ми е многу лошо Еве цел ден лежам,ме бутка на спиење да заспијам не можам. Клима работи од 10сабајле. А станам почнува цело тело да ми е како омалаксано. Не можам ни да јадам ни ништо. Ваљда и телото тек сега си го покажува стресот после се.
Можам да кажам дека со овој ПМС,, храбро" се носам Уште не сум добила, за ден, два треба ама претходниот месец се наполнив трауми од него, мислев ,, одлепувам" Сепак изгледа не се лоши витамините
Ќе ме самне, уште не можам од болка да заспијам. Ама поарно ова ќе си потрпам отколку психички ПМС да ме ремети