Не ти треба некој друг за да те состави. Ти си таа што сама треба да се составиш, да оздравиш за да може тогаш да влезе некој во твојот живот и само да ти го надополни со убавина.
Тажно и силно во исто време. Се прашувам дали оваа цврстина ја носат годините или сепак сум созреала до некој степен? Ме повреди личност со која имав развиено блискост. Мислев дека има блискост. Не осеќам ни толку болка во душата. Само солзи ми течат постојано. И не ми смета. Нека истечат. Добив инспирација да пишувам. Го пуштив лаптопот и си сварив кафе. Мојата омилена шољичка долго време е поткршена кај грлото, но досега беше океј. Еве гледам, денес кафето бега... се раширил процеп низ целата страна на шољата. Ниту тоа не ми пречи. Нека капе, нека се излева. Нека и моите емоции така се излеат. Го чекам моментот кога солзите ќе престанат, срцето ќе се смири и ќе бидеш само спомен. Имавме преубави моменти. Не ги мразам. Нека остане така како што било. Дури и по цена на сите рани што ми ги отвори деновиве. Ќе преболам.
Се чувствувам лошо, многу лошо, мислам дека нема да помине уште долго. Мајко, откако не напушти секој ден ми е ужасен, без некоја цел или желба за нешто, како некоја темнина да се спушти врз мене. Да биде трагедијата уште поголема, месец дена пред мајка ми да почине бев во врска која траеше поише од година, и тој месец немав апсолутно никаков контакт со бившата. Кога почина мајка ми, се појави пак, само да ме дотепа. Правеше работи и кажуваше приказни кои ми даваа лажна надеж, и самата е свесна за тоа (како да се хранеше од тоа да ме гледаш уништен). Наместо да патам за мајка ми, патев и за неа истовремено, мислев дека одлетав со паметот. Најтешкиот период од животот ми го направи уште потежок. Зошто човече ?! Каков НЕчовек си ти. Не би сакал да ти се случи ништо лошо во животот, една твоја солза ме болела како 10 убоди со нож, ама еден ден се ке ти се врати да знаеш. Нејсе, господ нека ти суди, за мене више не постоиш. А јас, јас останувам со голема празнина и болка во душава и не знам до каде ќе оди ова лудило. Мајко моја, прати ми од горе една тронка среќа, само толку ми треба. Фалиш мајко
Немој да поминуваш сам низ толку тежок период. Ако можеш побарај помош од психолог или разговор со блиска личност.
Што кога поради трауми од детство со години не дозволувам никој да ми се приближи ,никој да оствари пријателства со мене се плашам дека ке ме повредат ,дека се сите лоши. И ден денеска си ги носам последиците на анксиозност и сама .Најубавите години ми помина во страв без излегувања дружби,и уште не можам да се средам поради тие напади на паника и анксиозност.
Се препознав во муабетов. И јас бев долго време така. Што порано се опуштиш, тоа помалце ќе жалиш за периодод кога си била таква. Baby steps. Одбери една личност која најмногу ти годи кога си во нејзино друштво и повикај ја на дружба. Некоја личност што е позитивна, што те смее, што ти влева убави мисли кога поминувате време заедно. Другарка, другар, познаник, роднина, колега... кој и да е само да е некој што ќе те извлече од таа комфор зона што ја имаш изградено поради минатото. Почни поедноставни дружби. Денско кафе, гости, ручек... постепено ќе се опуштиш и за вечерни излегувања, концерти, фестивали. Таквите позитивни личности обично се поекстровертни и имаат поширок круг на познаници па така преку нив ќе запознаеш и нови луѓе. Во никој случај немој да се форсираш и сама да се впушташ во запознавања како што многумина советуваат преку курсеви, работилници, невладини. Не сме таков тип на луѓе ние анксиозните, барем јас не бев и се осеќав многу чудно, раздразливо и уште повеќе аутсајдерски. Според мене е многу подобро е кога е тоа со луѓе кои што ги познаваш.
Секој има трауми, но ако не ги победиме и потиснеме траумите од минатото, ќе останеме заглавени во минатото