За прв пат, после толку години, не сакам да помине летото. Секое лето поради топлото се борев со панични напади посебно во ПМС, и броев недели, па денови, додека да почне септември. Крајот секогаш велев уште еден паничен напад и доага есен. Мислам дека се помирив со многу работи, и уживам во секој момент било 50 степени или под 0. Затоа што конечно сфатив како летаат годините, и колку побрзо поминува летото ние старееме а децата ни растат . Ќе ми фали ова време многу Добро, па можев да напишам дека носталгија ме мава ама ок, оправдано
Како жена... Барем на ден ко муж да се осеќав, да ме есапеа ко чоек да завршев некои прости работи што на мужи ќори и сакати за 15 минути им ги завршуваат... Мех.
Пак напнато, секој ден напнато, или ја ќе скинам конци или не знам што друго ќе биде. Вака више не можам, ќе се распаднам скроз.
Моментално како да сум се напила енергетски пијалок, кај и да е ќе земам да средувам по дома само да се уморам за да заспијам
Ме фаќа паника од премногу обврски што не знам како да ги завршам. Додека смислам дремам овде да си кажам!