Цело тело ми е како раштиман оркестар. И во некое бунило сум, не знам како да постапам за некои работи. Ама се обидувам да ја задржам мојата позитивна страна.
Охх ... (да се издишам)! ме немаше долго време (да не кажам подобро колку е тоа) и сакав само да се уклучам да ве поздравам. Почувствував таква некоја потреба. Како должност да не речам, хихи.. Изминаа исто така и неколку години од кога бев поактивна тука. Ќе звучи неферски, ама тогаш имав повеќе проблеми и прашалници во главата. Тазе во брачните води, па тазе вработен, па тазе родител, преселби, навикнување и со новото семејство од кај партнерот.. Нејаснотии.. Чувство и потреба да споделиш нешто со некој друг кој поминал низ истото. Или бар ќе ја разбере или ислуша твојата приказна (што е и најважно). Што се вика,Тука ќе прашаш паталец,не гаталец. Но добро,сега се сметам за поискусен родител, партнер, пријател... Не сеуште целосно,ама почнав моите потреби, желби и семејството -да се на прво место. Да знам да зборнам гласно за тоа што сакам! Помалку да се прави ќеф на другите! Сега го имаме и Чат ЏПТ И се заштедува време овде на дискусии и досаѓање на други луѓе.... Нејсе....и понатамо (со избледен ефект) проблемите понекогаш си постојат (деца,баби,градинки,негативни енергии и штетни пријателства, емотивни кршења поради губење на драги личности). Ама човек учи да се носи со сето тоа. Но сега, ко што реков,не сум тука за тоа. Имам me time вечерва, ми текна на вас , кои бевте тука со мене кога рацете ми се треселе и срцето ми играло... се уклучив да ве поздравам !!! Се е ок. И знајте, звучи клише ама се може да успеете само ако доволно сакате! Останете ми поздравени и имајте убава вечер. Деците заспаа, а јас Отидов да читам книга
Не само денес туку секој ден..Ужасен..Некако наоѓам сила да се справам со се.Бпли кога најблиските немаат разбирање за тебе..Многу е тешко да се носи човек со душевна болка а нема поддршка..Само сум напаѓана..Боли кога знаеш дека си помогнал на многу луѓе без да се штедиш на крај ти свртеле грб и во најтешкото остануваш сама..Не научив да бидам лоша не научив да кажам не на никој.. Психички паѓам а тоа не го гледа никој..Грутка во грло ми стои а немам веќе солзи ни да плачам..Таман мислам дека има среќа и за мене нема ништо од тоа..Од разочарување во разочарување..Се изморив веќе од се..Сакам да бидам среќна