Спијам пак ми се спие, не спијам пак ми се спие.. Ми се спие.. Сакам да спијам. Ништо не ми се праве.
Празнично и еуфорично. Ама истовремено и малку тажно. Многу ми фали дм, се навикнав секој ден да ја гледам барем на 15 мин, евентуално на преку еден ден и сега 3 дена ја немам видено и ми доаѓа уште сега да си одам, а планирав до сабота да сум тука.
Подобро од вчера.. Али нозете ме болат, петите.. А една недела не сум излегла од дома, ниту пак работам нешто.
Баш убав ден денес имав, ама сега една порака пак ми смени расположение (во новата година се надевав дека нема да има вакви работи, ама очигледно не било така). Во животот за се сами сме си криви.