Осамено и тажно. Не сум го видела дечко ми 2 недели, многу ми недостасува. Без него не сум потполна во целост. Телефонски разговори, па прибирање на солзите, па на календарот во исчекување на 11. Ах да не е феминава што ми го одзема вниманието и ме разведрува, незнам што би правела. Цмокче за сите форумџики
ПМС!!!! и главоболка ужасна страшен хаос од емоции.....во секој момент да експлодираат само се прашувам ќе правам ли уште глупости???
Имам некој притисок,како грутка да ме притиска на градиве.И како закочена сум некако.А и како не ќе бидам кога ми испореметија 390 планови.Зошто??? З О Ш Т О ?? Многу ми е фино на душичкава кога се ми е испланирано до детал,али зошто да ми биде фино кога може да ми биде катастрофа.Безвезален ден.
Се придружувам на групата во пмс. Ама се обидувам да си ја чувам ладна главата. Зато подолго ја оставам во фрижидер
баш како денов така и јас. навистина не расопложена, омалаксана нервозна од сабајле со солзи во очите. сакам да го видам да се гушкам се разнежнив и почнав да плачам се осетив како мало дете кога се дели од мајка му. така и јас откога се видов со него. само што не ме разбра и сум тажна, па преморена и си дојдов дома прегладнета се прејадов како да ми е последен ден за јадење, е зошто морам толку да се прејадам и да незнам за доста. и сеа вака преморена кај и да е ќе го гушнам креветот затоа што неможам него и ќе си останам нервозна
Ми се блокира мозоков. Очите ми се затвораат. Главата, сеуште ме боли. But....секогаш има ама, во овој случај сум добро расположена и сакам да пофилозофирам малку, сакам. Психички сум спремна, физичката состојба и не ми дозволува. Аааах!
Глава ме боли,ќе пукнам ме убива,а и немам апче и сега ќе трпам ми се приспива,ми е жешко,безвезе се чуствувам
Дождливооо ..Ама вниманиеее ОБОЖАВАААААМ ДОЖД и студенко време ..Сега уше некои други работи да ми појдат така од рака ,филингот ќе биде заокружен ...
Ме боли цело тело, епа нека ме боли сега, самата сум си крива. Ама се издржува, сакам кога ме боли вака.