Супер. Мада ме збесна една будала на интервју со прашање: Која е сличноста меѓу свиња и багер. Кога ќе се начукам ко свиња рушам све пред себе ко багер, ебате глупиот... Свашта.
Катастрофално Со болки во стомак, грло ме боли, чувства тапа беттер пред да добијам. Сега никој не ме нервира ама во овие денови се ми е на туркање Само би лежела, секако и јадела
Тажна сум и покрај сончевото време. Занесена во работата тешко сваќам иде пролет. Некако се ми е испомешано во чувствата. Здодевно нешто. И покрај досегашните искуства.
Како забавена снимка деновиве, ништо не ми се прави. Тажно... Плус на сето тоа денес бев сведок на избегната несреќа. На пешачки премин пропуштив мајка со нејзината керќичка, 5 годишно девојче, но автомобилот после мене не застана и заобиколувајќи ме мене ќе ги изгазеше нив. Незнам... можеби не ги виде но каде оди кога некој пред него застанува? Тука јасно се знае дека има пешачки. Ме налути што не ни излезе од автомобилот само продолжи кога виде дека не направил ништо. Мајката беше вознемирена, девојчето преплашено, се понудив да ги однесам дома...сакав да се осигурам дека ќе бидат добро. Девојчето ме премоли да отидам кај нив за да ми ја покаже својата нова кукла а јас неможев да одбијам. Влегов во сосем непозната куќа, варев кафе во непозната кујна откако мајката на девојчето ме замоли да го направам тоа. За нас сварив кафе а за девојчето турив сокче, ми ја покажа куклата, фустанчињата на куклата... тие мали очички се смирија. Си помуабетивме и си отидов... Оваа случка ме направи да размислам за моите брзања додека возам, не сум јас совршена... еден сон ќе згаснеше ова попладне, уште сум вознемирена. Возете внимателно, ве молам! Се може да почека и повик, и ако некој ве чека и ако доцните наработа... цената е превисока за мала невнимателност. Сепак сум среќна што си најдов нова пријателка во мојот град и тоа на пешачки премин