Збунето, тажно и мирно во исто време. Денес успеав да направам зелник и покрај тоа што рацете не ми фаќаат кога сум тажна, сега гледам цел го изеле значи вкусен бил. Успеав и да си ги завршам обврските за утре да одморам празнично, без прослави само едно пешачење, кафе и разговор со мојата пријателка.
Два дена прекумерно размислувам и анализирам. Пребучни мисли имам, шо не ми даваат мир. Кај и да е, ќе полудам
Тажно, тажно, тажно... Направив ручек и испечив лебче после работа, како во сон сето тоа... пуштив музика и танцував и се прашувам како го правам ова додека сум тажна во позадина. И тоа многу тажна...