После прејака вознемиреност, сега сум како да сум се борела со лавови Без сила и енергија, денот ми отиде целиот у *ура
Уморно и поспано, два вечери по ред во 2 си легнувам, а вечерва тешко и пред 3 да можам, сабајле 100 пати го превивав алармот и станав 10 мин пред да излезам. Ама сепак сам сум си крив што си ги одолговлекувам работите...
Како ќе функционирам овој месец не знам, кој ја измислил првата смена Тоа е за луѓе што рано си легнуваат, не со 4,5 часа сон. А јас како што сум си спанка
Исто и јас ја замразив прва смена од раното станување, 7 години подобро некој да ме убиеше него ли да станував за прва смена!
Исцрпено, после секој ден наработа, секој ден трчање навака-натака, учење... ах тоа учење.... ненормално исцрпено. Денес пак имав вртоглавица, би сакала овој проблем со крвта брзо да се решаваше, да ми се врати енергијата конечно. Си ја сакам старата јас... од оваа сегашност само едно нешто не би менувала