Среќно си поплакав што за прв пат ќерка моја сакана си ја видов маскирана за во градинка, душава ми ја наполни и да не бев трудна, пак ќе си плачев
Катастрофално Втора ноќ не спијам од заб, шекнав За утре рекоа ќе се обидат да ме мушнат во термин. Ако нема што ќе правам до вторник?
Убаво, мирно. Оставам работите да си течат по својот тек. Ама оваа вртоглавица не ме напушта, дали е од умор или ќе се јави нешто повторно незнам...
Овие два дена ми беа преубави ама истовремено напнати и напорни. Сега од умор не можам да заспијам и зјапам во таван. Мислам дека нема делче што не ме боли. Мускули, коски, колена, се!
ПМС лудило. Јадам како буре без дно, па почне да ми се лоши од јадење, па пак јадам и се така во круг