Не можам да заспијам, и ми текна денес колку спиев, плус стомак ме боли од добиено. И се мислам што да правам
Како да сакам да избегам од сите и од се. На некоја планина ,да има река и да зјапам во празно. Никој да не ми зборне минимум 3 дена. Ни домот ми е дом веќе ,ни родна куќа ми е куќа веќе. За нигде.
Обожавам кога ќе се вратам дома со убаво чувство дека сум си поминала убав ден со луѓе со кои уживам во нивно друштво и разговор
Тешко ми е. Сакам на сите да им угодам и да испаднам добра, мислам на сите, а најмалку на мене. Размислувам што би било кога би било, се измачувам, живеам под притисок, и во некој страв. На крај повторно лошата сум.
Тури по една да се напиеме, ајде Нема угодување на другите. Дури можеби тоа е еден вид лажење, затоа што често се губиме себе си додека гледаме да угодиме на сите. Како шо вели изреката "абе ја божем да угодам, повеќе беља направив". Само ќе одиш подалеку од себе.
Не пијам, едино тие коктелчињата ко сокчиња што се Баш така, осеќам дека се губам, ќе направам се' што е до мене за целосно да не се изгубам. Нема мир на овој начин, само ние се уништуваме.
Лошо, катастрофално, гневно, бесно, изиритирано,скршено, повредено, микс од се ова, каша ми е во главата, сакам да удрам некој, сакам да одам во некоја шума или планина и само да викам, да излезе се од мене, зошто мораше да биде вака? Тешко многу, живеам за денот кога ќе ми биде подобро, кога оваа тежина ќе ми се тргне од градите, некој немир имам и чувствувам во себе и товар на грб, камен во душа... Се борам сама со себе, ама губам..како понатаму не знам, се тешам сама себеси, иако не знам како и зошто, ме убива ова, тонам и горам во себе. Излудувам ама ќе помине, знам. Сè поминува. Tutto passa
Уморно, душа немам веќе... Се мачам воздух да земам. Би сакала да се решаваше со одмор, сон, бегство во природа... Ама нема чаре, каде и да одам што и да правам исто е
Честопати знам сама да си направам малку да ми е потребно за среќа Денес е тој ден, одлучив да е ден за мене и ќерка моја мала заедно појадок, игри, ќе одиме на нејзините омилени лулашки цел ден за нас, спомен за мене и неа Те сака мама бело девојченце со плави очиња