Фала богу заспав иначе ќе паднев негде .. кога станав ми се спиеше многу и сабајлето беше онака ми израдува доручекот Сега се чувствувам исполнето,среќно и така
Убаво, мирно, релаксирано. Спиење до 10 сабајле (времето е криво ), после кафенце и малку играње со малечкото од золва ми... се спремам за викенд во Охрид и се надевам дека ќе не послужи времето. Нема капење во езеро, ама може да се сончаме малку, под сенка
Dobro , se razbudiv po sabajle kaj 11 h pa se rasetav malce niz grad pa jadev pa si se spremav za na rab ... Loso e vremeto ama fala bogu se naspav sinoka ne mi bese zesko ni utrovo like
Нервозно се чуствувам,се нервирам,се изнервирав,страшно,до толку што неможам во моментов ништо да работам,тешко ми е,а таа нервоза ме тера некои луѓе тотално да ги игнорирам и да се направам дека воопшто не постојат за мене
Се измолкнав од креветот некако нервозно откако проверив и повторно немаше ништо.Повторно тие јадови ме маваат од сите страни,пмс...Нервоза ме пука цел ден,на сите се дерам или пак на никој ништо не зборувам за да не ги повредам.Зедов да чистам да се ослободам од нервозата и тие некои си мисли ама не бидува.Се направив тип топ седнав на фемина и повторно ме мачи истото.Мајка ми ќе си дојде кај и да е и мислам дека во секој момент саркастично ќе ме праша за тоа и јас ќе се збунам зошто не знам да лажам и мразам кога морам да го правам тоа за да си го спасам г***т ... Сакам едноставно да легнам,да заспијам и кога ќе се разбудам да не постои ништо од тоа што сега ме мачи.Знам дека бегам од проблеми ама за мојот биг проблем нема лекче.То је то...
Смирено,си пијам кафе,чекам да заврне...да го отворам прозорот и релаксирано да почнам да вртам на орбитрекот...а потоа ќе следи релаксирано долго бањање...така сум расположена. Не ми се допаѓа времево,ама ок...тоа е што е.Сите некако си заминуваат,јас останувам да ги чекам.Кој прекуокеански,кој речиси прекуокеански,друг во комшии...го чекам своето време на заминување при крајот на месецот и веројатност цел август тоа да го правам... Не ми се допадна денес времето на станување...нешто не е ок. Штом добивам желба да ја скратам косата и бркам расцветани влакна со ножички по дома...нешто ме мачи,нешто сакам да решам,рака на срце немам поим што...не знам како да откријам.На лудиот перфекционист нешто не му е како што треба.Знам,што е уствари...не ми се допаѓа времето на станување кое ми варира,а јас не сум навикната да ми варира...тоа ќе да е,па потсвесно се бунам. Книгата ја начнав,ок е...не ме воодушевуваат лесно уметнички работи...ќе почекам да крај,па ќе видам како ќе ја оценам.Ама ок,не можам да очекувам многу,не е опасна литература,туку баш летна... Во Чарлс ен Еди,Шаде расположение сум...значи сепак смирена...Сакам до после смирена да кулминира во многу расположена...пмс,па добро е и ова,смирена. Лилит,бара целосна реорганизација. Шајн!
Па за чудо сеуште се чуствувам супер..Еве си пијам второ кафенце и многу си уживам во него..Си читкав малце,па дури и готвев Се чувствувам и некако смирено..Само да не заврне Е то многу ме бедира И после едно туширање ммм!Уживанција!
лесно ми е без памет токму во овој момент сум релаксирана и оперирана од секакви глупости и чувства...едноставно така ми дојде да бидам една ваква _____________ права линија без емоции токму сега....а за понатака ќе видиме, се заканува пак бура од емоции исто како времево неможам ни сама да предвидам во која насока ќе се движам
помалку нервозна и се повеќе опуштена и среќна мислам дека беше редно да се чуствувам среќно и исполнето