Искрено денес денот ми помина преубаво, иако на почетокот стагнирав и не направив ништо, подоцна во денот , возев точак, и искрено одамна не сум го направила тоа - одвоила време за себе . Ми дојде искрено преубаво,како да можеби дел од мене се врати, деновиве некако дојдов до сознание дека не си пружам време за себе си,и ете денес денот така се погоди, и направив работи кои вообичаено не ги правам секој ден, тоа плус ми го надогради мојот филинг денес .
Искрено бев занигде. Тажна бесна гневна... После син ми ме расположи, успеа малиот алал да му е. Рече дека е пресреќен шо најдовме албумче, дека ова му е еден од најубавите денови. Таков е, и на малку знае многу да се радува, душа моја. Па сега и ја се осеќам среќно и исполнето
Лошо ми е, цел ден ме боли глава така тивко, некако чудно. На моменти сум ок, ќе си пуштам музика, ќе си поиграм дури готвам или чистам но потоа ќе се сетам... и се ми се руши, насмевката... цел свет. Би сакала да можев да поплачам малце да ми олесни, но солза не излегува веќе од овие очи... Само чекам да помине, сигурно еднаш ќе помине. Ќе помогне Бог да помине
Мојата за жива не ме смета. Ама тоа е, не можам со сила да ја натерам да ме сака. Научив да се носам сама низ животот...