Само мене ли ми е пекол жешко, ова веќе не е нормално Убаво е лето ама да стануваш цел залепен од спиење
Нервозно, многу нервозно. Лицемерни луѓе насекаде. Дополна: Многу мразам кога доверлива информација ќе ја искористат твои блиску луѓе против тебе. Затоа рекле, чувајсе од пријателот, од непријателот знаеш што очекуваш, од другиот не.
Никогаш мислам сум немала толкава желба да замине летото како овие 3,4 дена. Се загушивме, ова не е нормално. Хеликоптери вртат, брза помош се слуша, језиво и страшно, аман нека се потсмири времето, нека почне да се враќа во нормала. И ние младите едвај преживуваме, а стар човек кој е сам и нема кој чаша вода да му подаде
Уморно, ненормално уморно. После 10 часа наработа, пазарење веднаш после тоа, завршување попатни обврски... имам среќа што успеав да до возам до дома и да се истуширам. Сега планирам само да трепкам
Поголем дел од летото поштено си се наспав ама последната недела сака да ми се наплати за моето спиење Колку и да сакаш да си поспиеш сите дома сме будни од рано, рано, инсите вакви Како штотуку од нива вратени Туш пред спиење, туш од спиење, туш 28219191 преку денот. Ќе излажам дека овој пат едвај, ама едвај ги чекам пониските температури. Мозокот не ми функционира како паштета ми е.
Пеколно топло ми е, преку глава ми е од жешково и не можам да го трпам повеќе! Се ме нервира. Спојлер Имам мигренозни главоболки, иако си легнав во 23ч (што е реткост за мене), ќе ме убие главоболкава!
Јас легнував после полноќ сега сум како претепана до 12 едвај ако поседам, и тоа на сила веројатно машини чекам, и се будам рано наутро, ненаспана, претепана и наапана
Претепана сум на крајот од денот, можам да легнам и да се комирам до сабајле, ама со топлово сега се будам препотена, со суво грло и жедна, главоболка имам секој ден од топлово и се ме нервира кога е жешко.
Времево е буквално Дантеовиот пекол, си ги бројам круговите нагоре-надолу. Само чекам Луцифер да ми пише ’стигна ли?’ за да се спасам на тоа леденото езеро кај него долу!“
Ако ова е најава за тоа каков ќе ми биде остатокот од неделава слободно нека се откаже! Денес кај си ја плеснав колата, кај исцркав од жештинава — притисокот ми е на максимум. Нека доаѓа побрзо овој продолжен викенд изгинав веќе! Искрено ми идат мисли само да фатам пат кон некоја шума на планина каде што нема ни луѓе, ни мрежа, ни копање нерви.