Пред два дена ми беше жешко, сега замрзнав, изгледа јас не сум како што треба Ама луѓе ладно ми е, дома сум на долги, ама па и мм ми вели дека е ладно, ми иде клима да си пуштам да се стоплам Ова времето како наеднаш менува, оди па биди нормален
Преспав Се разбудив и сега ќе чекам наредна тура сон да ми дојде . Ама како нема да се разбудам, кој нормален вака спие, нозете уште на вратот не си ги качив А ова чудото од хормони кога се средува, за другарка прашувам. Вчера вреќа од емоции, во нормална состојба сум ваква Случајно ми излезе рандом девојка од некој сликар на нејзината свадба, од 20 слики на 18 плачеше . Де кога ја шминкаа, де татко и кога ја виде, де кога беше на орото... Ни ја знам, ни ја познавам, па кога си рикнав да плачам мајќе ми , а зошто и јас не знам. Сега вака си велам па таа цела свадба си препалакала Ама вчера плачев, па после дете ме нервираше што без маица шета, па ми сметаше звукот на ТВ, па сите ги сакав, па никој не можев да трпам, и се така во круг.. Сама си се тешам и си велам ма игнорирај, тоа се само глупи хормони, те дриблат на големо, диши, ама не ми рикај, дишиии... Издржи и не цмиздри
Денес? Разочарано ама трезвено, чувствувам како конечно да ми паднаа сите очила со розева боја. Сфатив дека најголемата грешка е кога очекуваш одредено ниво на зрелост и чесност од луѓе што едноставно го немаат тоа во себе. Немам ни волја ни желба за расправии. Место тоа — исклучени емоции, поставени граници и ладен мир. Искрено, во вакви моменти идеално ми звучи или да фатам некоја дива планина далечно од цивилизација, или Путин да рока со нуклеарките и да завршиме со сите циркуси! наеднаш.