Леле исто, заспав со силна главоболка ама си велам ај ќе преспијам ќе помине и не земав апче. И се разбудив со истата сега ќе морам апче.
Катастрофа, колешке почивај во мир . Се жалеше од болки во грб а си имала рак кој се проширил. Колку е овој живот ништо и колку не вреди ништо
Уште херпес на устата ми фалеше Ама ај барем може повеќе затворена ќе ја држам, помалку ќе јадам а богами и ќе зборам
После 13 часа спиење, конечно се наспав, не е лесно 100 работни саати да имате во една недела (7) дена
Оваа недела мислам нема што не ме фати заби, стомак, уво ми се затна, глава ме скина, мачнини ме шекнаа, на крај херпес. Така ли е втората младост, уште фали хемороиди да фатам и таман главечки да спијам. Се надевам оваа ноќ мирно ќе спијам и ќе престанат бодежите во стомак.
Убаво... заборавив како изгледаше да си направиш тренинг. Порано тоа беа интензивни аеробик тренинзи од по еден час, ми доаѓаа како лек. Сега се потпирам на по нежни тренинзи во домашни услови и баш ми годеше 30 минутното вежбање денес.