Сите ме нервираат, и едвај чекам да се вратам во нормала и никој дс не ме нервира, добро освен во ПМС оти вака ќе надвијам некој Едвај чекам да бидам брза, полетна, со елан за работа какошто си бев а не после постелени алишта да морам да си полегнам И после јадење си полегнувам а јас често јадам така да повеќе сум во кревет отколку на нога
Тажно, депресивно, уморно и без волја за ништо. Арно одам на работа, па само таа ме вади од дома периодов.. да се измешам меѓу луѓе, да се средам малку за да личам на чоек. Да не е работата, има да се затворам и да не мрднам од дома. А зошто ми е вака, ни сама незнам. Избришав Facebook, Instagram пред 10тина дена од телефон (не профилите), абе ништо не сакам да гледам, демек да се одморам од секакви глупости..
Нервозно, а нема причина, заправо има, и знам дека ќе се намачам со хормоните, урлам по дома за глупости, сама не се трпам. Молам Бога да ми се средат, што поскоро, оти ова е ужас невиден. Понапред кога ми се јавеше нервоза немав апетит, сега јадам како крава . Уште ова не ми се беше десило, може па после нервозата на нешто друго ќе ме тера.
Цел ден се борам за воздух. Сите работи ги завршив, и дури си зготвив ручек за два дена, испешачив и извежбав потоа ама ми фали воздух, не можам да вдишам длабоко, пробувам ама нема.