Глава ми пулсира од попладнето. Од време ли, од хормони ли, ме пукна. Се надевам утрото нема вака да ми е.
Заспав рано и се разбудив и сега ќе чмаам Мислам се дали да пеглам, алишта здиплив, или некој филм да изгледам.. Штом заспијам пред 12 кај мене тоа е премногу рано, џабе продолжен викенд, секогаш кога треба рано да станам јас едвај станувам, сега како за инат очи филџани
После утрински тренинг од 30мин. убаво. Порано за мене не беше тренинг помалку од еден час ама ми кажаа дека 30мин. е тренинг и е сосем доволно. Клучно е да не е претерано, да е полека и без голем напор па се прилагодив на тоа. Како и да е, убаво се чувствувам а тоа е нај важно. Почнав работите да ги правам полека, без брзање а тоа баш било убаво. Повеќе уживање во нештото, помалку брзање наоколу.
Уморно, лошо. Во еден момент имам енергија за се, дури и повеќе, во другиот момент пад на енергијата до тој степен да мора да легнам веднаш. Ме исцрпува оваа состојба...