Среќен...Конечно за себе да кажам дека сум исполнет и среќен.... тука сум.. во моментот...со цел во животот и отворено срце за луѓето!
Не сум многу мотивирана да правам било што можеби поради дождливото време но, сепак љубопитна сум за двете книги коишто ги земав од библиотеката за читање...
Ноември месец е и е најубавото годишно време есента...додуша сите годишни времиња ми се убави и сите годишни времиња ги сакам.. утре сум на работа убаво ми е и среќна и радосна сум поради тоа. Инспирирана сум да работам и да бидам помеѓу оние коишто работат работа како и јас. Ме исполнува знаењето учењето на нови вештини и нешта. Кога работам добивам резултати кои сами по себе не ми значат ништо. Тие се само еден фидбек којшто стасува до мене и значи само почетна информација за она што следно треба да го направам.
Нервозно, плачливо, безволно.. Пак не ми се живее. Да беше така едноствано би си го одзела животот уште сега, нема за што да жалам. Ниту има лек за мое целосно опоравување, џабе се мачам.