Осамено и празно.Чувствувам како никој да не разбира како се чувствувам,како никој да не сфаќа дека ми е тешко и дека не поднесувам некој да се заебава со мене па макар и позитивно.Значи морав да бидам толку емотивна,морав!Мразам што морам да излажам повторно и повторно да се спасам.Мразам што морам да плачам на секоја ситница.Мразам што морам да поднесувам лицемери.Толку нервозен ден бреее.
Цел ден спиев сега пак ми се спие......се чувствувам нервозно напнато и мислам дека сите желби што ги имав и мислев дека ќе се остварат во блиска иднина изгледа нема.......
Распишувано, штракака, штракака, штрака штрак, е само ова слушам , покрај музикава како рафал на сите страни, викам побрза станав и од ова чудово сепак забавно беше до некаде, и се чувствувам како детектив ( не за џабе се нареков фемина детектив) , па ништо не ми промаршува,морам да ги следам најновите случувања тука
Чудно. Многу работи ми се несфатливи. Ми недостига , признавам. Тоа што го имате денеска гушнете го цврсто бидејќи можеби уште утре ќе исчезне...
Се мислам дали да појдам до лептокарија , да си купам слушалки .. ме мрзи , ама вака без музика кога идам до негде се осеќам како без гаќи . Не иде така , ќе појдам попосле да И наспана сум , ми се шета ама ме мрзи .. не можам крајот да си го најдам
Интересно уште "сабајле",хехехе..Добро почна денов со оглед на тоа што сетра ми успеав да ја скорнам со два-три збора и плус ја натерав да ми свари кафе со млекце кое ептен ми го погодила.Нервозата од вчера уште ми држи ама сепак исчезнала во мала количина и мило ми е заради тоа Поздрав девојки
Ептен убаво. Спакувана, намирисана, одиме на викенд со мојата другарка, во моето мало убаво градче на истокот, малку да се разладиме и релаксираме на чист воздух. Мачно е пакувањето за женски, после некој ќе земе да ме убедува, абе фрли две три маички и пар фармерки и фучи! Абре кај да фучам, а штикли? А патики ако одиме на манастирот? А апостолки ако е жешко? Ако врне, ако е ладно? Па тон козметика и шминка, исто ми е дали се пакувам за 2 или за 10 дена, товарот ми е ист. Женчиња, се одјавувам од Фемина до недела, малку одмор и рехабилитација од компјутерот. Имајте сите до една пријатен и возбудлив викенд
Аххх .. Трендафилка ти завидувам .. најубаво да си поминеш па да ни се вратиш со најпозитивна енергија Мене денов ми почна како што треба ! Пријатно сум расположена .. не постои такво нешто што би можело да ме изнервира
Најубаво да си поминеш Трендафилка Последниве 2-3 дена, не сум расположена. Се трудам да се расположам, но ќе видиме до крајот на денот..
Поспано и више секојд ен така се осекам ко цело време да ми се спие, кажувајте некој лек голема спанка станав
Супер ми е. Конечно по два дена досада денеска малку подинамично. Денсав до сега , ама сега доаѓа поважното и поубавото