Прекрасно, со многу енергија. Сонував цела вечер дека сум бремена и така убаво се чувствував што дури и кога станав си го допрев стомакот, толку што беше реално . Не сакам да погледнам во соновникот сум слушнала дека е лошо кога сонуваш дека си трудна, па ќе се загрижам.
Настапи периодот на ренесанса кај мене. Препородено се осеќам! И баш ми е супер. И баш сум секси со костумот од мајка ми и розевите шорцеви како се фрцкам по тераса
Опуштено и релаксирано во стил село гори баба се чешла.Само што кај мене одамна е изгорено селото,пепел е направено,па сега немам друга работа освен да се чешлам.Се` тече се` се менува,али за жал тоа се`, редовно се некои небитни,споредни банални работи,а она што сакам да се смени абер нема. Се качив на највисоката гранка од кајсијата за да наберам кајсии за мене и за сестра ми.Ми рече дека ако има некои поубави на покрив ќе се качам за да ги наберам.Во право е.И така дури си јадевме кајсии една битна мисла ми светна во тиквава,а тоа е:Мажите секогаш мразат вакви девојки што сами се пентерат и си берат кајсии.Не е лошо понекогаш да глумам Мона Лиза и да им дозволам да си ја покажат машката појака страна,наместо да се натпреварувам со нив.Буаахах...ова и вака напишано ме смее,не па да го сфатам сериозно.Многу ми е гајле,кој ме сака ме сака секако,а јас никогаш нема да чекам некој да ми набере кајсии и по цена да треснам од дрво и да си скршам нешто.
Си бев ладна туш и се ми беше убаво, убавко, мирничко...и на крај....бааааааам, ааааааааааа...трас...ме акна од земја Сега сум ИЧ нерасположена, плачлива, лигава, нервозна...а знам дека хронично му е тоа...ме повреди...таман мислев дека е добро...е не е ! Заборавил што се му кажав! Ако!!! Ќе му текне кога ќе ме светне нешто и ќе си заминам! решена сум!Или-Или. Не мислам да те чекам со години, а чак и векови!!!
Многу лошо во последниов половина час.Сакам само да легнам и да се разбудам со решение.Ама знам дека нема...нема ни да има.Тоа е веќе сторено и нема назад.Да можев времето да го вратам назад.Боже помогни ми,знам дека згрешив ама не дозволувај..Стварно не знам што ќе правам
Ужасно. Ненормално многу ми е лошо, ми се тресат рацете, ми паѓа главата и ми се затвараат очите. Мислам дека ќе паднам на биро во секој момент. Покрај се, премногу ми е страв. Прозорот е отворен, дува ветер и шушкаат дрвјата. Цело време мислам дека некој чекори по тераса. Едвај станав да ја заклучам вратата и да запалам светло, а сега не можам да легнам морам да чекам да дојде брат ми да отклучам.
И јас се чувствувам многу лошо денес. Во депресија сум, незнам кога ќе завршат мојте проблеми... Секој ден се намножуваат...