Опуштено до пред 10 тина минути кога прочитав еден пост што ме извади од контакт. Рацете ми се стресоа, неможев ни убаво да и вратам. Ах какви се не личности постојат.....
Мутаво. Се разбудив со глупава болка во вратот, и цеело време ме боли стомак. Треба да одам на гости кај свекрвата на сестра ми а ме мрзи. Се осеќам исцрпено, од ништо. И си слушам џез, мислам дека ме депримира, хахаха... Оф, ај нека врне. Недела е за само да врне.
СУПЕЕЕР. Сјаам ко сончев колектор на ваков топол ден! Конечно жешко Мачката се излежава на тераса ко дембил, ке паднеше за малце од неа,срцка таа Миев садови и си ја гледав, влакното и сјае на сонцето. Да не ја урочам газдарицата која толку перфекционистички си ја бања. Почнувам и јас да се спремам за одмор, традиционалниот Охрид, секој мора да отиде таму макар и да оди наредниот месец за Албанија,или Турција,небитно. Мачно ми е од акањево низ град,а уште ништо не сум купила. Ке биде и тоа,па ке уживам потоа во Охрид. Кери,супер расположена
Хаосно,се` ми е хаос.........А јас мразам хаос,но толку е хаос што не сум во состојба да го мразам,дури и тие жичките во мозоков одговорни за мразење хаос ми се исплеткани. Неделава на се личи само не на недела,ама нема веза. Косава плачи за фарбање,а душава плачи за.......море батали душата,каде каде полесно ми е да ја средам косава.
Наспано, како бумбарче во фацката подуено. Се вративме утринава со другарката после еден бурен викенд. Подишавме чист воздух и ги прекршивме диетите. Скопје - истото, не се мрднало од место. Во исчекување на фудбалот. Во исчекување на бакнежи. Се чувствувам релаксирано и среќно.
Убаво.... (ми се чини најупотребуван збор ми е во темава ) Ама убаво ми е бре, онака лесно... И ми се мотаат низ глава едни зборови од една форумџика тука и благодарна и сум П.С. Иако таа самата ваљда не е ни свесна за ова