Па денов ми е супер, малце сум поспана..ама ајде Вечерва сум среќна за Шпанија!! а и слава ми е .. супер сум расположена !!!
За промена, ептеен се чувствувам убаво, иако ми е многу топло уште посабајле. Сама сум дома, сум екнала гласно музика и уживам. Уште да си најдам некое интересно филмче на ТВ за да ја утепам досадава ќе направам голема работа.
Па се чувствувам прекрасно Сеа ќе и помогнам на мајка ми .. слава ни е па очекуваме после гости ии такаа ...
Незнам ни јас .. Вчера кога легнав во 16:30 станав дури сабајле во 9:30 ии цел ден ми е пореметен .. ии не сум сеуште наспана како што треба ..
како.....???? изнервирано,тој мој дечко ми ги дига нервите до таван....аман бре имаш ли уста да кажиш ти што сакаш ......... ЗАБЕГАН.......
Безвезно. Чекав повик, али не добив, веројатно нема ни да ми се јават. Но, што е тука е. Ќе пробаме нешто друго. Плус, ми прати порака, дотичниот кавалер... Сака бути кол вечерва. Културно го одбив. Леле, колку е некогаш напорен тој директен пристап! А згора на се, бившиот ме вика на пиво. Аман. Шилеа, скроз на скроз уморна од светов.
Tака. Солидно, му пркосам на животот со се' она што ми фали во него, истакнувајќи го тоа што си го имам! Е ај нека ме сопре да видам Повторно преспав и не се сакам таква, ми отиде утрото, еве го веќе 16h. Биоритам - каша попара. Крив е новиот Twilight, ме остави да блеам како мрдната до кај 03h и не ни стигнав докрај, со извинување кон сите пасионирани обожавателки - ама секој нов дел е се потапа и поглупав. Дрн дрн јариња, омажи се за мене, ќе си бидеме вампири, јас светкам на сонце... Море марш таму! И сега кој ќе вежба, кој ќе ја средува собата, кој ќе се суредува за вечер... Таа што си прашува нека си го мрдне газот од столче, веќе пифтија стана.
поспано ненаспано, но морам да соберам сила. од сабајле работно па хм ајде кога се сака се се може јас сум среќна